Ја допира на задникот, таа му позира: Дејвид и Викторија повљубени од кога било, ја игнорираат драмата со син им
- Детали
- петок, 22 август 2025
Проблемите со Бруклин како да не допираат до Бекамови кои моментално се во Италија со останатите деца. Вљубените Дејвид и Викторија се прегрнуваа, се допираа, а си направија и фотосесија на јахта.

Дејвид и Викторија Бекам периодов се во Италија со синовите Круз и Ромео и ќерка им Харпер.
Со нив, секако, не е најстариот син Бруклин кој неодамна ги обнови заветите со Никола без воопшто да им каже.
Но, и покрај целата драма, Дејвид и Викторија изгледаат повљубени од кога било.
На почетокот од месецот, беа фотографирани како се прегрнуваат и бакнуваат на јахта о Сен Тропе. Сега, пак, на новите папарацо фотки, Дејвид не ја тргна раката од задникот на саканата.
Бекамови, кои се во брак веќе 25 години, неколкупати се прегрнаа, а потоа фудбалерот беше фотографиран и со широка насмевна на лицето.
Вљубениот пар си направи и фотосесија – Викторија го фотографираше Дејвид без маица, додека тој ѝ направи неколку фотки со син им Ромео.
Неколку денови претходно, Дејвид и Викторија беа забележани пред ресторанот во Портофино – и овој пат фудбалерот ја допираше саканата на задникот.
Се чини дека периодов тие максимално пробуваат да ја избегнат драмата со син им Бруклин и се немаат ни огласено за целата ситуација.
Но затоа, пак, постојано покажуваат дека со останатите деца се навистина сложни бидејќи целото лето го поминаа заедно.
Повеќе фотки од семејството:
Спирова С. | Црнобело