Пропаста на Вил Смит, по легендарната шлаканица на Оскарите: Жали што не си ги воспитал децата, изгуби пари и фанови
На почетокот од годината, Вил Смит издаде музички албум – прв по дваесет години. Тој дури и се инспирирал од премрежијата за песните во албумот.
Но, никој не беше заинтересиран за емотивните песни на Вил бидејќи во првата недела, успеа да продаде само 268 физички копии и 36 дигитални копии.
Вил не дозволи ни овој неуспех да го сруши, па реши да оди на турнеја и да го промовира својот албум – турнејата ја започна на 13-ти јули, а ќе заврши на почетокот од септември.
И, овде направи уште една грешка.
Пред неколку денови, актерот сподели видео, наводно од концерт за време на турнејата, каде се гледаат стотици, па и илјадници фанови кои пеат од трибините.
Но, не помина многу време пред јавноста да сфати дека публиката во видеото е генерирана со вештачка интелигенција.
Дланки со шест прсти, чудни, дури морничави лица, натписи кои немаат смисла – ова се само дел од деталите што го издаваат видеото.
Сега видеото е вирално, но Вил е мета на шеги:
„Ова е навистина чудно бидејќи турнејата и не е така лоша, но поради некоја причина, неговиот тим одлучил да направи публика со AI“.
„Не ми се верува дека некој го изгледал видеото и рекол дека треба да се објави“.
„Видеото е патетично, Вил подобро да почне да се подготвува за пензија“.
Како целата драма да не е доволна, периодов Вил и Џејда интензивно се соочуваат со критики дека се лоши родители.
Познат факт е дека нивните деца – Вилоу и Џејден – имале голема, па дури и преголема слобода уште од детството.
Но, сега и нивното однесување е донекаде загрижувачко.
Летово Џејден беше фотографиран во Париз со бонг до него и делува како да едвај седи буден.
Вилоу, пак, откри дека уште од детството имала панични напади кои родителите практично ги игнорирале.
Дел од проблемите со ментално здравје ги имала и денес.
Вил, пак, неодамна изјави дека сега жали за пристапот што го имал кон своите деца.
„Направивме многу, многу, многу голема грешка со нашите деца и бевме радикално искрени со нив. Но, немојте да го правите ова. Не го препорачувам.
Уште кога беа многу мали, направивме договор со нив – ќе бидат во неволја само ако не ни кажат дека направиле нешто, а ние потоа дознаеме“.
Вил истакнува дека децата не биле казнувани дури и за големи бели, сè додека им кажувале на родителите што направиле.
„Ова е грешка, ужасна грешка. Бидејќи, тие правеа што сакаат и потоа само ќе ни кажеа, а ние не ги казнувавме“.
Со сите неуспеси, се проценува дека Вил Смит има изгубено милиони, но и дека допрва ќе има загуба ако не успее да си ја спаси кариерата.
Спирова С. | Црнобело