8 најубави (и највљубени) парови на Филмскиот фестивал во Венеција
- Детали
- четврток, 04 септември 2025
Џорџ и Амал Клуни веќе ги прогласија за најдобро облечен пар на фестивалот, додека Адам Сендлер одлучи да облече костум и се појави со сопругата, но и со ќерките.

Моментално во Италија се одржува еден од најпрестижните настани од филмската индустрија – Филмскиот фестивал во Венеција.
82-то издание на фестивалот започна на 27-и август, а ќе трае до 6-ти септември.
Ова е најстариот филмски фестивал во светот и секоја година го посетуваат најпознатите и најдобрите актери, режисери, продуценти и важни имиња од индустријата.
Традиционално, на фестивалот премиерно се прикажуваат филмови од низа реномирани режисери, но се доделуваат и награди од кои највисока е златниот лав (Leonoe d’Oro), за најдобар филм.
На фестивалот, бројни ѕвезди се појавуваат и со своите партнери, особено на премиерите на нивните филмови.
Дел паровите што се појавија на годинешното издание на фестивалот:
Хоакин Феникс и Руни Мара
Руни Мара и Хоакин Феникс присуствува на премиерата на филмот The Voice of Hind Rajab. Тие соработува на филмот како продуценти.
Наоми Вотс и Били Крудап
Наоми го придржуваше сопругот Били на премиерата на неговиот филм Jay Kelly. И, двајцата не ги тргаа рацете еден од друг.
Ендру Гарфилд и Моника Барбаро
Иако не е појавија заедно на црвениот тепих, Ендру и неговата девојка Моника беа фотографирани фатени за рака кога пристигнаа во Венеција.
Џорџ и Амал Клуни
Џорџ и Амал присуствуваа премиерата на филмот Jay Kelly и како секогаш, доминираа на црвениот тепих. Јавноста веќе ги прослави за најубаво облечен пар на фестивалот.