8 најубави (и највљубени) парови на Филмскиот фестивал во Венеција
Идрис и Сабрина Елба
Актерот Идрис Елба е приватна личност, но на фестивалот во Венеција не ја криеше љубовта кон сопругата Сабрина
Тие присуствуваа на премиерата на A House of Dynamite, а актерот не го тргаше погледот од саканата.
Адам Сендлер и Џеки
Адам Сендлер се појави на премиерата на неговиот филм Jay Kelly со сопругата Џеки, но и со двете ќерки.
За разлика од лежерните изданија по кои е познат, актерот за фестивалот се појави во костум.
Каја Гербер и Луис Пулман
И Каја Гербер и дечко ѝ Луис Пулман разменуваа нежности на фестивалот. Тие присуствува на премиерата на филмот The Testament of Ann Lee.
Мадс Микелсен и Хане Јакобсен
Данскиот актер ги изненади фановите со реткото појавување на фестивалот со сопругата Хане.
Тие присуствува на премиерата на неговиот нов филм – The Last Viking.
Спирова С. | Црнобело