Зои Кравиц во љубовен триаголник – ја потврди врската со Хари Стајлс, среде гласините за аферата со колегата Остин Батлер
- Детали
- петок, 05 септември 2025
Периодов не стивнуваат гласините дека Зои Кравиц е во врска со Хари Стајлс, но и дека се гледа со актерот Остин Батлер. Сепак, се чини актерката ја потврди врската со Хари – беа фотографирани како шетаат прегрнати низ Њујорк, а претходно и во Рим.

Периодов Зои Кравиц и Остин Батлер го промовираат нивниот нов филм – Caught Stealing – а се појавија гласини дека почнале врска.
Истовремено, ќерката на Лени Кравиц неколкупати беше забележана со Хари Стајлс, па се шпекулира дека се гледа и со него.
Сега се чини дека Зои ја потврди врската со Хари Стајлс. Изминативе недела-две, 31-годишниот пејач и 36-годишната актерка заедно беа во Рим, па во Лондон.
Последно, беа фотографирани во Њујорк, како шетаат прегрнати и фатени за рака.
И двајцата во лежерни изданија, и Зои и Хари изгледаа одлично расположени.
Сепак, извор близок до парот тврди дека нивната врска не е нешто сериозно, туку дека повеќе се како „пријатели со бенефиции“ и само се забавуваат.
Но, други извори велат дека периодов речиси и да не се разделуваат.
„Кога беа во Лондон, во бар, не престануваа да се бакнуваат, како тинејџери. Изгледаа како многу да си се допаѓаат и не им беше гајле дали некој ги гледа како се бакнуваат.
Кога влегоа заедно, беше јасно дека се на состанок. Изгледаат како мошне убав пар“.
Иако можеби Зои е во врска со Хари, не стивнуваат гласините и за аферата со колегата Остин Батлер.
Кон крајот на минатиот месец, за време на премиерата на нивниот филм во Њујорк, Остин постојано ја допираше Зои и изгледаше како да флертуваат.