Хари Стајлс и Зои Кравиц се свршија по 8-месечна врска: „Толку е заљубен, што би скокнал од карпа за неа“
- Детали
- петок, 24 април 2026
Поранешниот пејач на One Direction, Хари Стајлс (32) и актерката Зои Кравиц (37) се свршија по кратка врска од само 8 месеци.

Според Page Six, кој се повикува на негов близок пријател, Хари е премногу заљубен во Зои, па дури и „би скокнал од карпа за неа“.

И Кравиц е наводно „на седмо небо“, а никој од нивниот близок круг пријатели не е изненаден што по само 8 месеци тие се свршија.

Гласините за свршувачката почнаа на почетокот на неделата, кога Кравиц беше фотографирана со голем дијамантски прстен, а сега се потврдени од извори блиски до парот.

Иако ја криеја врската на почетокот, откако беа фотографирани заедно есента 2025, парот почна да се појавува и јавно, дури и да разменува нежности и да се бакнува пред фотографите.

Ова е прва свршувачка за Стајлс, кој низ годините беше во врска со некои од најубавите и најпопуларните жени во светот.

За разлика од него, Кравиц веќе беше во брак, со Карл Глусман, од 2019 до 2021, а потоа беше свршена и со актерот Ченинг Тејтум, но во 2024 ја раскинаа свршувачката по три години љубов.

А. Ј. | Црнобело