Зои Кравиц во љубовен триаголник – ја потврди врската со Хари Стајлс, среде гласините за аферата со колегата Остин Батлер
Околу една недела пред премиерата, тие беа фотографирани во бар во Париз каде се прегрнуваа и флертуваа.
„Меѓу нив дефинитивно има хемија и забавно им е заедно додека го промовираат филмот. Не се баш во врска, но Зои го нема ни одбиено Остин.
Работењето на филмот беше напорно бидејќи познато е дека режисерот Дарен Аронофски знае да им создава притисок на актерите“, вели извор близок до актерите.
Засега никој од тројцата се нема огласено за шпекулациите. Но, некои ја критикуваат Зои за врската со Хари Стајлс бидејќи тој ѝ е бивш дечко на Тејлор Свифт. А, Зои и Тејлор се блиски пријателки.
Што се однесува до Остин, изворите тврдат дека многу добро се согласуваат со Зои бидејќи и двајцата неодамна раскинаа сериозни врски.
Зои ја раскина свршувачката со Ченинг Тејтум, додека Остин Батлер пред неколку месеци стави крај на тригодишната врска со Каја Гербер.
Спирова С. | Црнобело