Не издржувал повеќе од две години со иста жена: Кои се бившите на Џорџ Клуни, пред да се „смири“ со Амал?
Лиса Сноудон
Клуни беше во врска со Лиса додека правеше пауза од врската со Криста. Тие неколкупати раскинуваа и се смируваа, пред конечно да стават крај.
Неколку години подоцна, Лиса откри дека не ѝ се допаѓало колку внимание привлекувала нивната врска.
„Раскинавме пред неколку години, а луѓето уште ме прашуваат за него“.
Рене Зелвегер
Иако никогаш не ја потврдија врската, се шпекулираше дека актерот почнал врска со Рене додека го снимаа филмот Leatherheads.
На прашањето дали се заедно, Рене одговори со шега:
„Во брак сме веќе 28 години“.
Сара Ларсон
Врската на Клуни и Сара Ларсон траеше помалку од една година.
Почнаа да се гледаат во 2008-ма, заедно присуствуваа на тогашните Оскари, а набрзо потоа раскинаа.
Елизабета Каналис
Следната врска на актерот, со Елизабета Каналис, беше малку подолга и траеше околу две години.
Не е познато зошто се разделија, но во нивната заедничка изјава споделија дека минувале низ тежок период.
Стејси Кејблер
И врската со Стејси траеше околу две години, но раскинаа бидејќи таа се надевала на брак.
Кога ѝ станало јасно дека актерот нема такви намери, му раскинала.
Потоа имаше шпекулации за уште неколку жени кои го освоиле актерот, а во 2013-та тој ја потврди врската со Амал.
Се свршија по само шест месеци заедно и до 2014 година веќе беа во брак.
Спирова С. | Црнобело