Не издржувал повеќе од две години со иста жена: Кои се бившите на Џорџ Клуни, пред да се „смири“ со Амал?
- Детали
- понеделник, 08 септември 2025
По разводот од 1993-та, Џорџ Клуни самиот изјавуваше дека никогаш нема да се венча, па токму и затоа си го доби епитетот „вечен ерген“. Па, беше изненадување кога се пофали дека се свршил со Амал по само шест месеци врска. Кои се жените што не успеаја да го „смират“ актерот?

Веќе десет години, Џорџ Клуни е во среќен брак со Амал, а заедно имаат и две деца.
Кога јавноста дозна за нивната врска, никој не веруваше дека ќе трае долго бидејќи Клуни имаше репутација на „вечен ерген“.
Дури и самиот изјавуваше дека по разводот од првата сопруга во 1993-та, воопшто не бил заинтересиран за брак.
„Луѓето забораваат дека беа во брак. Многу сакам кога прашуваат кога ќе се венчам. Но, јас не зборувам за тоа бидејќи не ни помислувам на брак“, напиша актерот во есеј за магазинот Esquire.
Но, ова не значи дека постојано бил сингл додека Амал да успее да го „смири“.
Кои се бившите партнерки на Џорџ Клуни?
Кели Престон
Џорџ Клуни и Кели Престон беа пар во 1980-тите, кога и двајцата пробуваа да се пробијат во филмската индустрија.
Тие дури и живееја заедно, а актерот имаше изјавено дека врската со неа му било најважното нешто во негово живот. Но, сепак се разделија.
Кели почина во 2020 година од рак на дојката.
Талија Балсам
Клуни и Талија Балсам се венчаа во Лас Вегас во 1989 година. Но, се разделија во 1993-та.
По разводот, актерот изјави:
„Дефинитивно не требаше да бидам во брак тој период. Мислам дека не бев фер кон Талија. Јас сум договорен за пропаста на нашиот брак“.
Кимберли Расел
Кратко по разводот, актерот почна врска со Кимберли Расел која ја запознал додека снимале реклама.
Нивната врска траеше три години, до 1995-та.
Селин Балитран
Амал не е единствениот правник што го освоил познатиот актер.
Во 1996 година, додека го снимал филмот The Peacemaker во Париз, тој ја запознал Селин која тој период студирала право.
Беа заедно до 1999 година, а кога се разделија, актерот повторно ја презеде вината.
„Имавме тригодишна врска со Селин и навистина ја обожавав. Прекрасна девојка. Но, реалноста е дека ни стануваше потешко и потешко да останеме заедно“.
Криста Ален
Актерот ја најми Криста Ален за неговиот филм Confession of a Dangerous Mind и истата година, 2002-ра, почнаа и врска.
Беа заедно до 2004-та, а потоа актерот почна врска со друга жена. Во 2006-та, пробаа да ѝ дадат уште една шанса на љубовта со Криста, но на крај повторно се разделија.