„И богатите ги забораваат во домови за нега“: Сопругата на Брус Вилис се брани по критиките дека го напуштила болниот актер

„Ова само покажува дека без разлика колку сте богати и славни, на крај семејството ќе ве заборави во дом за нега“, гласи еден од многуте негативни коментари насочени кон сопругата на Брус Вилис. Од дијагнозата на актерот, сопругата Ема му беше негувателка, но вели дека како што болеста напреднува, веќе ѝ треба и помош, особено бидејќи имаат и две мали деца.

i-bogatite-gi-zaboravaat-vo-domovi-za-nega-soprugata-na-brus-vilis-se-brani-po-kritikite-deka-go-napushtila-bolniot-akter-01.jpg

Кон крајот на минатиот месец, сопругата на Брус Вилис – Ема Хеминг – сподели дека актерот е згрижен во дом за нега и додаде дека тоа е најтешката одлука што ја донела.

Во 2023 година, актерот беше дијагностициран со деменција, а како што болеста напреднува, способноста за комуникација на Брус постепено се намалува, а се јавуваат и промени во неговиот карактер.

i-bogatite-gi-zaboravaat-vo-domovi-za-nega-soprugata-na-brus-vilis-se-brani-po-kritikite-deka-go-napushtila-bolniot-akter-07.JPG

Брус и Ема имаат две деца, на возраст од 13 и 11 години, а таа вели дека во голема мера, и поради ова одлучила да живеат одделено.

„Брус би го сакал тоа за нашите деца. Би сакал да бидат во дом кои ги задоволува нивните потреби, не само неговите“.

i-bogatite-gi-zaboravaat-vo-domovi-za-nega-soprugata-na-brus-vilis-se-brani-po-kritikite-deka-go-napushtila-bolniot-akter-05.JPG

Ема истакнува дека Брус е опкружен со професионалци и ја добива најдобрата можна нега, како и дека ќерките редовно го посетуваат и минуваат време заедно.

Иако луѓето кои се грижеле за некој со деменција се свесни за товарот, многумина ја критикуваа Ема дека го оставила сопругот.

„Зошто да го преселува во друг дом? Сигурно може да дозволи да плати за негуватели во нивниот заеднички дом“.

„Ова само покажува дека без разлика колку сте богати и славни, на крај семејството ќе ве заборави во дом за нега“.

„Зошто не викнала негуватели во нивниот дом? Изгледа како да го оставила“.

i-bogatite-gi-zaboravaat-vo-domovi-za-nega-soprugata-na-brus-vilis-se-brani-po-kritikite-deka-go-napushtila-bolniot-akter-04.JPG

Секако, побројни се луѓето кои ја бранат одлуката на Ема.

„Го направила вистинскиот избор. За жал, оваа болест е брутална и може да напреднува со години и години. Може да ве истроши физички и емоционално, а изгледа страшно за деца и тинејџери.

Ако Брус може да размислува разумно, како повеќето родители, не би сакал неговите деца да го гледаат во таква состојба“.

„Сите видови деменција се комплексни и нема шанси една личност да се грижи за болниот без помош. Со текот на времето, на сите заболени им треба постојана нега“.

„Мене ми изгледа дека направила добро. За Брус се грижат професионалци, а децата го гледаат кога се чувствува добро, па ќе имаат убави сеќавања со него“.

„Малкумина ја разбираат самотијата што ја чувствуваат луѓето кои се грижат за болна сакана личност. Воопшто не е лесно и е едно од искуствата што најмногу ве трошат. Ема ја донела вистинската одлука“.

i-bogatite-gi-zaboravaat-vo-domovi-za-nega-soprugata-na-brus-vilis-se-brani-po-kritikite-deka-go-napushtila-bolniot-akter-12.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Му забраниле да служи војска, почина на само 32 години: Тажни детали од животот на Брус Ли Неколкупати ја запросил првата девојка, но таа го одбила, а почина на 32-годишна...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава