„И богатите ги забораваат во домови за нега“: Сопругата на Брус Вилис се брани по критиките дека го напуштила болниот актер
По лавината реакции, Ема се обиде да ја добрани својата одлука на Инстаграм.
„Многу често, луѓето кои се негуватели на нивните сакани се осудувани брзо и нефер од луѓе кои никогаш не го искусиле ова и никогаш не биле во првите борбени редови.
Тоа што отворено го споделувам моето искуство може да предизвика критики, но поважно, ќе создаде конекција и валидација за оние кои се соочени со реалноста на негувател на сакана личност“.
Во меѓувреме, Ема напиша и книга за нејзиното искуство со болеста на Брус.
Откако актерот ја доби дијагнозата, Ема стана негова негувателка, односно се грижеше за буквално секој аспект од неговиот живот – хранење, одење на прегледи, бањање…
Истовремено, се грижеше и за нивните мали ќерки.
Бидејќи самата ја искусила реалноста на негувателите, вели дека ја напишала книгата за да им помогне да бидат чуени.
Зборувајќи за нејзината книга во интервју за Good Morning America, таа повторно реши да ја одбрани одлуката да го испрати Брус во дом за нега.
„Тоа беше најбезбедната и најдобрата одлука, не само за Брус, туку и за нашите две девојчиња. И, знаете, нема простор за дебатирање.
Сега знам дека во секој миг, Брус ја има најдобрата нега. Задоволени се сите негови потреби, исто како и потребите на нашите две мали ќерки“.
Ема откри и дека почнала да размислува да го смести Брус во посебен дом откако невролог ѝ кажал дека неретко, негувателите умирале пред личноста за којашто се грижеле.
„Деменцијата изгледа различно во секое семејство. Па, треба да го направите она што мислите дека е исправно за вашето семејство. Јас не сум неуспех ако ми треба помош. Во ред е да побарам помош. Не го сфаќав тоа.
Ми требаше дозвола од некој дека е во ред да побарам помош. Се надевам дека мојата книга ќе го овозможи тоа – ќе им каже на негувателите дека е во ред да се грижат за себе.
Бидејќи ако не се грижат за себе, како ќе можат да продолжат да се грижат за личноста што ја сакаат?“
Брус и Ема се во брак од 2009 година, а и покрај возрасната разлика од 23 години, брзо се претворија меѓу омилените славни парови, со најстабилен брак.
Спирова С. | Црнобело