Тажната приказна на првиот супермодел од САД: Поминала 60 години во ментална установа, гатачка ѝ ја предвидела „црната“ иднина
- Детали
- сабота, 20 септември 2025
Одри Мунсон се смета за првиот супермодел од Америка, а воедно е и првата актерка која се соблекла на филм кој не е порнографски. Иако успешна, нејзината кариера траела мошне кратко и Одри го поминала долгиот живот во ментална институција.

Веројатно не сте го слушнале името Одри Мунсон, но како актерка и модел, имала огромно влијание и во филмската, и во модната индустрија.
Нарекувана и „првиот супермодел во Америка“, лицето на Одри било искористено за многу статуи кои денес се поставени во Њујорк, а таа е и првата актерка која се појавила гола во филм кој не е порнографски.
Одри одживеала 104 години, но поради трагедиите кои ѝ се случиле во животот, нејзината кариера, иако успешна, траела многу краток период.
Најголем дел од животот поминала во ментална институција, целосно заборавена од светот.
Детали за тажниот живот на Одри:
Гатачка ѝ ја предвидела „црната“ иднина
Одри била родена во 1891 година, а откако нејзините родители се развеле, со мајка ѝ се преселила во Њујорк.
Кога имала пет години, мајка ѝ отишла на гатачка која наводно ѝ ја предвидела тажната иднина што ја чека.
Имено, таа ѝ рекла дека ќе биде славна и обожувана, но кога ќе мисли дека го освоила светот, ќе ѝ се уништел целиот живот.
Подоцна во животот Одри има изјавено дека ова пророштво го гледала како клетва.
Ја почнала кариерата како модел на 16-годишна возраст
Во тинејџерските години, Одри почнала да работи како модел за скулптори. Тој период била забележана и од филмски продуцент кој ѝ понудил улога.
Првиот филм во којшто се појавила бил Inspiration од далечната 1915 година и овде Одри се соблекува пред камера – нешто што не било направено дотогаш.
Поради голотијата, филмот бил оценет како контроверзен, па дури и бил забранет во Вашингтон.
Но, кога почнале да го прикажуваат низ кината во Лос Анџелес, привлекувал масовна публика и јавноста си го сменила мислењето. Наместо вулгарен филм, го гледале како нешто и ново на филмското платно.
Се појавувала гола и во други филмови
Следната година, Одри се јавила во уште еден филм – Purity – каде повторно се соблекла пред камера.
Слично како и првиот филм, и овој бил гледан како контроверзен, поради што почнале да го цензурираат, па не стекнал некоја голема популарност.
Потоа Одри се појавила и уште во два филма, па и покрај контроверзиите, си ја зацементирала репутацијата на добра актерка.
Додека кариерата ѝ цутела, приватно се соочувала со многу проблеми
До 1919 година, Одри веќе била ѕвезда, но почнала да се соочува и со проблеми.
Одри и нејзината мајка живееле во куќата на доктор кој си ја убил сопругата. Пред докторот да биде фатен, Одри и мајка ѝ бил осомничени и испрашувани за убиството.
Подоцна, кога било утврдено дека е виновен, докторот извршил самоубиство за да избегне смртна казна.
Во меѓувреме, Одри почнала да се соочува со проблеми со менталното здравје, а во 1922 пробала и да изврши самоубиство.
Мајка ѝ ја однела во ментална институција
Поради многуте приватни проблеми, Одри престанала да работи, па, очекувано, се намалувала и нејзината популарност.
Се претпоставува дека до 1931 година живеела во Мексико со мајка ѝ, но деталите од нејзиниот живот овој период не се познати.