Тажната приказна на првиот супермодел од САД: Поминала 60 години во ментална установа, гатачка ѝ ја предвидела „црната“ иднина
Во 1931-ва, мајка ѝ изјави дека состојбата на Одри се влошувала
„Кутрата девојка мисли дека целиот свет се има свртено против неа, и не ја обвинувам. Оние кои имаа пари ја искористија за нејзината та убавина, а таа не доби ништо за возврат“, има изјавено мајка ѝ.
Бидејќи Одри никако не се подобрувала, таа ја однела во ментална установа.
Не е познато што точно ѝ се случувало
Иако скоро целиот живот ќе го помине во установа, не е точно познато кој бил проблемот на Одри.
Некои претпостават дека можеби имала, шизофренија, депресија или дека проблемите се јавиле бидејќи користела многу дрога.
Но, наводно ни во институцијата не се труделе да откријат што точно ја измачува Одри.
Ја држеле затворена поради симптомите, но никој не сакал да утврди која е нејзината дијагноза.
Сепак, познато е дека била разочарана од односот што го добивала од индустријата и дека се чувствувала експлоатирано од мажите околу неа.
„Сака да ги предупреди девојките за опасноста што ги демне доколку се убави. Но, се залага и за нејзината професија…
Го истакнува фактот дека моделите никогаш не го добивале заслуженото признание“, има напишано авторка која го истражувала нејзиниот живот.
Кога починала мајка ѝ, останала потполно сама
Мајката но Одри починала во 1958 година и по нејзината смрт, таа останала потполно сама. Уште била затворена во институцијата и немала ниту еден посетител.
Дури кога наполнила 93 години, нејзина внука дознала каде е и отишла да ја посети.
Сепак, другите пациенти во установата, како и персоналот, ја третирале со почит, па дури и како ѕвезда.
Нејзината внука, пак, почнала да ја посетува почесто и по некое пробувала да ја убеди да се всели со неа.
Сепак, по шест децении, Одри повеќе сакала да го одживее животот во установата.
Починала во 1996-та, на 104-годишна возраст.
Спирова С. | Црнобело