Актерката од Emily in Paris ги загрижи фановите со преслабиот изглед – Порано имаше булимија, сега тврди дека е здрава
Сепак, некои велат дека актерката изгледа добро и дека не може секој да биде со облини:
„Проблемот со дебелина е толку чест, што многу луѓе мислат дека здрава и фит жена е анорексична“.
„Не е неисхранета, мислам дека само има мускули“.
„Јас сметам дека изгледа добро“.
Лили Колинс не крие дека во минатото страдала од нарушувања во исхраната, а отворено зборуваше за овој проблем уште во 2017 година, кога ги издаде своите мемоари.
Вели дека почнувала да си го менува односот со храната на 16-годишна возраст, кога нејзиниот татко се разведувал од неговата сопруга, односно маќеата на Лили.
Тој период Лили веќе добиваше ангажмани како актерка и како модел, па целиот притисок бил премногу за неа.
„Не можев да се справам со болката и збунетоста околу разводот на татко ми.
Ми беше тешко да направам рамнотежа помеѓу тинејџерскиот живот и двете кариери што ги избрав јас самата, но сепак имаа фокус врз мојот изглед“.
Актерката вели дека тоа што била актерка и модел ја терало да стане опседната со својот изглед, па почнала да вежба многу интензивно.
Потоа почнала да си ја ограничува храната и не ставала ништо во уста ако не знаела колку калории има.
„За мене јадењето веќе не беше забавен социјален настан, туку обврска и казна. Бев преморена и гневна цело време.
Дефинитивно не бев забавна личност. Но, планот ми функционираше! Имав контрола и бев слаба!“
Но, ни ова не било доволно, па Лили почнала да пие апчиња за слабеење и лаксативи. Ги пиела од 16 години до раните 20-ти, па станала и булимична.
И, некако успевала да го скрие проблемот од мајка ѝ.
„Помеѓу изгладнувањето, апчињата за слабеење, лаксативите и повраќањето, не само што ја изгубив целата енергија, туку и телото почна да ми откажува. Косата и ноктите го изгубија сјајот и станаа кршливи.
Грлото ми гореше, а хранопроводот ме болеше. Неколку години немав менструација и се плашев дека си ја уништив можноста да имам деца“.
Лили била присилена да побара помош кога на нејзиното училиште забележале дека не изгледа добро.
Од училиштето ѝ рекле на мајка ѝ дека нема да може да се врати на настава, сè додека не донесе лекарска потврда дека е здрава. Актерката има откриено дека ова биле првите чекори, но самото закрепнување бил долг и мачен процес.
Откако ги издаде мемоарите, Лили откри и во каква здравствена состојба е сега:
„Сега булимијата е само дел од моето минато што повремено го проверувам. Нарушувањето нема влијание врз моето секојдневие. Тоа е дел од мене и нешто кое ме потсетува на мојот прогрес“.
Лили се нема огласено за најновите фотки од Модната недела во Њујорк.
Погледнете и: „Бебињата не се купуваат“: Актерката (35) од Emily in Paris критикувана откако доби дете со сурогат мајка
Спирова С. | Црнобело