„Бебињата не се купуваат“: Актерката (35) од Emily in Paris критикувана откако доби дете со сурогат мајка
- Детали
- вторник, 04 февруари 2025
Лили Колинс претходно има зборувано за битката со булимија, а експерти сметаат дека таа, како и многу други славни жени кои следат строги диети и напорни тренинзи, имаат проблеми со плодност токму поради ова и затоа се одлучуваат за сурогат мајки.
Актерката Лили Колинс, најпозната по улогата во Emily in Paris, пред неколку денови откри дека со сопругот добиле ќерка.
Но, покрај честитките, парот се соочи и со критики бидејќи се одлучил за сурогат мајка.
На 31-ви јануари, Лили и сопругот Чарли споделија заедничка фотка од новороденчето со опис:
„Добредојде во центарот на нашиот свет Тоув Џејн Мекдауел.
Зборови не се доволни за да ја искажат нашата бескрајна благодарност за сурогат мајката и сите коишто ни помогнаа по пат.
Те сакаме до Месечината и назад…“
Бројни фанови му честитаа на среќниот пар, но не изостанаa и коментарите со доза критика поради сурогат мајчинството.
Иако многу жени, особено познати, се одлучуваат за сурогат мајка, некои од следбениците на актерката сметаат дека Лили е премногу млада за тоа и дека целта ѝ е само да си го зачува изгледот.
А, дел од коментарите се дури и сурови.
„Ова е ужасно. Не е во ред да си купувате бебиња“.
„Бебињата не треба да се купуваат, не се пар чевли“.
„Жените и децата не се продукти за продажба, Лили“.
Сепак, други истакнуваат дека ние не знаеме зошто Лили одбрала сурогат мајка и можеби има здравствени проблеми кои не сака да ги сподели со светот.
Некои ја советуваа и да ја исклучи опцијата за коментирање.
По низата критики, нејзиниот сопруг Чарли Мекдауел реши да се огласи:
„Во однос на злобните пораки за нашата сурогат мајка – во ред е да не бидете експерт за сурогат мајчинство. Во ред е да не знаете зошто на некој му треба сурогат мајка за да добие дете.
Во ред е да не ги знаете мотивациите на оние кои употребиле сурогат мајка, без разлика што претпоставувате.
И, во ред е да трошите помалку време кажувајќи зборови полни со омраза, особено кога се насочени кон убаво девојче кое донесе многу љубов во нашите животи.
Засега ова е сè бидејќи треба да ѝ сменам пелена на ќерка ми“.
Иако Лили не ја коментира одлуката за сурогат мајка, во нејзините мемоари од 2017-та таа откри дека поради нарушување во исхраната чувствувала последици и на репродуктивниот систем.
Во емотивното поглавје, Лили пишува дека јадела огромни количини храна и потоа се присилувала да поврати.
Булимијата ѝ се влошила до тој степен, што престанала да добива менструација.
„Бев преплашена дека си ја уништив можноста да имам деца“, пишува актерката.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





