„Бебињата не се купуваат“: Актерката (35) од Emily in Paris критикувана откако доби дете со сурогат мајка
Додека во случајот на Лили битката со булимија можеби е причината, некои познати дами се одлучуваат за сурогат мајка по ризична бременост со прво дете.
На пример, Ким Кардашијан самата откри дека користела сурогат мајка за двете помлади деца, откако во првите две бремености се соочила со опасни компликации.
И Ребел Вилсон се одлучи за сурогат мајка, по неколку неуспешни обиди за асистирано оплодување.
Амбер Херд, пак, откри дека ја доби ќерката Уна со сурогат мајка бидејќи самата не можела да има дете.
За Daily Mail, неколку експерти откриваат дека бројни славни жени се одлучуваат за сурогат мајка бидејќи се слаби, односно во телото немаат доволно масно ткиво.
Според докторка која е специјалист за нарушувања во исхраната, за жените кои се многу слаби може да биде невозможно да зачнат.
„Истражувањата покажуваат дека овулацијата се случува само кога масното ткиво во телото е над 21%.
Генерално, ако можете да ѝ ги видите стомачните мускули на жената, тогаш нејзиното масно ткиво е околу 18%.
Повеќето жени нема да имаат ни овулација, ни менструација со помалку од 20% масно ткиво, а уште помалку ќе можат да зачнат“.
Докторка која е специјалист за плодност во Лос Анџелес вели дека многу славни жени, едноставно, не сакаат да си ја паузираат кариерата.
„На пример, ако станува збор за модел или актерка чиј приход зависи од нејзиниот изглед, бременоста ќе има влијание подолго од една година“.
За Daily Mail, друг експерт за репродукција вели дека некогаш причина можат да бидат и напорните тренинзи.
Познато е дека мнозинството познати жени следат строги тренинзи што, пак, можеле да имаат влијание врз репродуктивниот систем, особено кога се придружени и со строги диети.
„Не мора да гладувате за телото да чувствува последици. Многу од моите пациентки, кои немаат менструација, држат строги диети што ги виделе на социјалните мрежи.
Други следат тренди диети со постење, а истовремено вежбаат многу напорно.
Доста често на телото му треба повеќе тежина отколку што мислите. За бременост, потребно е одредено количество масно ткиво, како и доволно јаглехидрати.
Дури кога има доволно масно ткиво и јаглехидрати, мозокот добива сигнал да го активира репродуктивниот систем“.
Експертите наведуваат и неколку славни жени со слаб изглед кои имале проблеми со плодност и одбрале сурогат мајка.
Овде спаѓаат Парис Хилтон, Сара Џесика Паркер и поранешната девојка на Илон Маск - Грајмс.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





