Се прослави покрај Џорџ Клуни, ја остави глумата за да биде со децата - Како Ноа Вајл се врати на голема врата во Холивуд?
Долги години бил покрај децата, ги гледал додека растат.
Само повремено прифаќал улоги, како онаа во франшизата Librarian, со која сними неколку филмски продолженија.

Во меѓувреме се разведе од првата сопруга и се ожени вторпат, овој пат со актерката Сара Вајл. С
о неа е во брак 11 години и имаат две деца.

Па во говорот, откако освои Еми, не заборави да ѝ се заблагодари.
„На мојата прекрасна сопруга Сара, која поседува половина од оваа награда, не само затоа што тоа е закон во Калифорнија, туку затоа што навистина ја заслужува“, се пошегува тој.

Улогата во серијата The Pitt (чиј продуцент е самиот Вајл) повторно го врати во „итната служба“ на клиника.
Овој пат локацијата е во Питсбург, а приказната се фокусира на една смена од докторите на итната служба, кои се соочуваат со бројни предизвици, вклучувајќи и масовни жртви по пукање на музички фестивал - дел од нив на првиот дел од работата како практиканти.

Приказната е толку реална, а глумата на Вајл можна, што многумина го прогласија за кралот на итната служба и со нетрпение ја очекуваат новата сезона, која е најавена за јануари 2026.
А. Ј. | Црнобело
