Раскинaа, па наводно ја изневеруваше и имаат брутален предбрачен договор - Џастин Тимберлејк и Џесика Бил се држат посилно од карпа
Тие ги надминаа препреките и Џесика покажа дека му верува на сопругот, со кого тајно добија второ дете за време на карантинот во 2020, а тој ја потврди веста во 2021 кај Елен
Оттогаш почесто јавно си изразуваа љубов - пишуваа колку добри личности се еден за друг и дека си се најголема поддршка, покажувајќи дека нема проблеми во нивниот однос

Наводно имаат луд предбрачен договор во кој пишува дека ако тој ја изневери, таа ќе земе огромна сума на пари, а тоа за фановите потврдува дека тој е подлежен на неверства

Секоја година за родендените си пишуваат емотивни посвети кои ги разнежнуваат нивните фанови заради силната љубов која ја имаат

Во 2022 ги обновија заветите во Италија, каде што го кажаа судбоносното ДА, а од 2023-та живеат мирен и среќен живот во домот во Монтана

Џесика често знае да се пофали со секси телото на својот сопруг и да ги почести фановите со неодоливи фотки
„Маж ми никогаш не би ги споделил овие, ама јас ќе го направам тоа. Нема на што...“ – напиша таа во една пригода.
https://www.instagram.com/p/C4daSodrjF2/
Бритни Спирс им направи нова драма кога во мемоарите го обвини Џастин дека абортирала негово дете и кажа куп непријатни работи за него, но наводно тој и Џесика се оградуваат и не дозволуваат да ги допрат гласините

Тие го надминаа и скандалот со неговото апсење во 2024, кога возеше под дејство на алкохол, додека таа снимаше нов филм, а тој беше во сите медиуми, па наводно сега пробува да се контролира

И покрај цела драма низ годините, сепак се држат како карпа - таа му е голема поддршка во кариерата, но и обожавател, секогаш ги споделува новитетите, покажува дека е горда и е постојано тука за него, а децата ги одржуваат силни

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“
Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ...
Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
Скандалите од светот на шоу-бизнисот што ја одбележаа 2025-та
Судската битка на Блејк Лајвли и Џастин Балдони, семејната драма на Бекамови и, ...
Две афери, украден мебел од Белата куќа: Скандали што Бил и Хилари Клинтон сакаат да ги заборавиме
Бил Клинтон имаше две афери (кои ѝ се познати на јавноста), а со Хилари беа крит...
Вирално видео: Џастин Бибер му помага на непознат маж на кој му се расипал автомобилот среде автопат
„Можеби халуцинирам, но Џастин Бибер само што застана да ми помогне“, вели маж ч...
Фрли жена во езеро, ѝ се заканил на бившата дека ќе ја убие: Мрачната страна на Бил Мареј
Бил Мареј можеби изгледа како добра личност и уште подобар актер, но изминативе ...