Раскинaа, па наводно ја изневеруваше и имаат брутален предбрачен договор - Џастин Тимберлејк и Џесика Бил се држат посилно од карпа
- Детали
- недела, 21 септември 2025
Љубовта им се родила во 2007-ма, раскинаа пред да ја побара за сопруга, наводно имаат предбрачен договор според кој таа ќе добие 500.000 долари ако Џастин ја изневери, тој еднаш јавно имаше скандал со можно изневерување со колешка, за што ѝ се извинуваше јавно на прекрасната сопруга - Џастин Тимберлејк и Џесика Бил имаат љубов посилна од сè и покрај сите скандали и препреки.

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил се заедно од 2007-ма година и имаат две деца, а иако генерално имаат складен брак, сепак нивниот однос мина низ низа турбуленции кои ги надминаа.
Во минатото, таа се прослави со улогата во „7th Heaven“, а тој како пејач во групата NSYNC, кој подоцна ја продолжи кариерата соло, а денес полни стадиони низ цел свет за своите концерти.
Нивната љубов започнала случајно кога се запознале на забава, таа го направила првиот чекор, а покрај многуте предизвици, нивната љубов уште трае.
Во продолжение погледнете како се одвиваше нивната љубов низ годините...
Се запознале преку заеднички пријатели на забава во 2007 година, а по некое време стапиле во контакт преку телефон и излегле да се видат

Кратко по раскинувањето со Камерон Диаз, Џастин беше забележуван со Џесика и се ширеа гласини за врска, а романсата ја потврдија во 2008-ма и се преселија во Њујорк

Љубовта честопати ја одржувале на далечина заради заемни работни ангажмани, а таа има признаено дека долго време не се бакнале од почетокот на врската

По 4 години врска, тие во март 2011 раскинаа, а наводно причините биле тоа што Џастин сакал да остане ерген и да се посвети на кариерата

Разделбата не траеше долго – по неколку месеци се смирија, а во декември истата година пејачот ја запроси Џесика за време на бордање на снег во Монтана

Во октомври 2012 парот се венча на приватна церемонија во Италија, а искуството го опишуваа како посебно емоционално и фантастично

Со фотка на која го бакнува трудничкиот стомак на сопругата, во јануари 2015 најавија дека го чекаат првото дете, кое го добија во април истата година

Двајцата се опуштени и сакаат забава, па често знаат да имаат кул и откачени костими за Halloween
Односите се разнишаа кога во 2019-та беше забележан како се држи за рака со колешка на снимање и го обвинија за изневерување, а потоа ѝ се извини на сопругата за скандалот
