И Џејсон Стејтам (58) ужива во Грција - Кој мал, магичен остров го избра за одмор со 20 години помладата свршеница?
- Детали
- понеделник, 22 септември 2025
Роузи Хантингтон-Вајтли (38) уште еднаш на плажа во Грција покажа дека е една од најубавите жени на денешнината и дека ужива во љубовта со Џејсон Стејтам (58). Со двете деца избраа мал, магичен остров за релаксација.

Џејсон Стејтам (58) периодов е на одмор со свршеницата, поранешниот ангел на Victoria’s Secret Роузи Хантингтон-Вајтли (38), во Грција.
Парот е на семејно патување со нивните две деца.

По патувањето од Италија, ова е една од ретките пригоди кога Роузи објавува фотки со својот сакан.
Тие се само уште едни во низата холивудски ѕвезди кои ја избраа Грција како дестинација за одмор.

Џејсон и Роузи уживаат на Антипарос.
Антипарос е мал грчки остров во Егејското Море, веднаш до поголемиот остров Парос, од кој е одделен со тесен канал.

Шармантен, со бели куќички, мали улици и пријатни таверни... Ова место очигледно е вистинскиот избор за холивудскиот пар да ужива на страна од љубопитните погледи.
Фотографии од нивниот одмор:






