Сопругот ја затекна во кревет со неговиот малолетен син, со него подоцна доби дете - Бурниот живот на миленичката на Холивуд
Во 1947 година таа беше номинирана за Оскар за споредна улога во филмот Crossfire.
Ја освои златната статуетка во 1952 година за улогата во The Bad and the Beautiful.

Но, Греам ја интригираше јавноста со својот приватен живот.
Таа беше мажена четирипати, а нејзините бракови со режисерот Николас Реј и неговиот син Ентони беа многу експонирани во медиумите.

Според бројни извори, Николас Реј наводно ја фатил Глорија во кревет со својот син Ентони, кој во тоа време бил малолетен, што довело до развод на актерката и режисерот.
За шокот да биде уште поголем, во 1960 година се омажи за Ентони Реј, со кого остана во брак 14 години и имаа едно дете. Едно дете доби и со Николас, таткото на Ентони.
Глорија и Ентони Реј
Помеѓу овие два брака, Глорија беше кратко мажена и со продуцентот Сај Хауард.
Откако нејзината филмска кариера почна да оди надолу во средината на 1950-тите, таа се посвети на театарот, настапувајќи во САД и Велика Британија.

Во 1974 година, ѝ беше дијагностициран рак на дојка. Иако болеста накратко влезе во ремисија, се повтори во 1980 година, кога Глорија одби лекарски третман.
Таа почина на 5 октомври 1981 година во Њујорк, на 57-годишна возраст.

А. Ј. | Црнобело
