Ја остави за 27 години помлада жена, разводот траел 65 секунди: Како заврши првиот брак на Роуан Аткинсон?
- Детали
- недела, 28 септември 2025
По 24 години и две деца со првата сопруга, Роуан Аткинсон реши да почне афера со многу помлада колешка. Ова резултираше со развод од првата сопруга, кој бил финализиран за 65 секунди.

Роуан Аткинсон ќе остане запаметен како актерот кој не изусти ниту збор, но успеа да насмее милиони луѓе ширум светот со неговиот легендарен лик Мистер Бин.
Иако и многу фанови кои имале можност да го сретнат имаат само пофални зборови за него и го опишуваат како приземјена личност, неговата прва сопруга веројатно не би се согласила.
Роуан Аткинсон и поранешната сопруга Сунетра Састри беа во брак повеќе од две децении, за на крај тој да ја остави за жена која е 26 години помлада од него.
Како заврши првиот брак на актерот (и што се случуваше потоа)?
Првата сопруга ја запознал во 1980-тите
Во доцните 1980-тите, Роуан Аткинсон работеше на популарната серија Blackadder и тогаш ја запознал Сунетра.
Таа била мејкап артистка на сетот.
Стивен Фрај, кој исто така беше дел од серијата, има споделено како актерот ја поканил на состанок.

Сунетра била мејкап артистка на Стивен, па тој планирал да ја покани да излезат. Но, тогаш Роуан го замолил да си ги заменат мејкап артистите, бидејќи му се допаѓала Сунетра.
Стивен се согласил и тој период Роуан и Сунетра ја почнале врската.
Тие се венчаа во февруари 1990 година, а Стивен Фрај му беше девер на колегата.

Заедно имаат две деца
Во 1993 година, Роуан и Сунетра го добија синот Бен.
Моментално тој служи во британската армија, каде што се има истакнато многу.

Потоа, во 1995 година, тие ја добија ќерката Лили.
За разлика од брат ѝ, Лили ги следи стапките на татко ѝ, па денес е активна во забавната индустрија како пејачка и текстописец.
Низ годините (пред разводот), Роуан и Сунетра редовно присуствуваа на настани со ќерка им и отсекогаш оддавале впечаток на среќно семејство.
