Ја остави за 27 години помлада жена, разводот траел 65 секунди: Како заврши првиот брак на Роуан Аткинсон?
Актерот почна афера со колешка
Во 2013 година, актерот работеше на театарската претстава Quartermaine’s Terms.
И, овде ја запознал 31-годишната Луиз Форд.

Тогаш Роуан имал 58 години, а Луиз само 31, но ова не ги спречило да почнат афера.
Британските медиуми брзо почнаа да шпекулираат за аферата, а се појавија и неколку нивни заеднички фотки.
Па, до 2014-та, Роуан и сопругата се разделија.

Разводот беше финализиран за 65 секунди
Не е познато како Сунетра дознала за аферата – дали преку медиумите или го „фатила“ актерот. Но, не чекала долго за да поднесе барање за развод.
И, разводот привлече многу внимание, бидејќи како што споделија британските медиуми, сослушувањето, а со тоа и финализирањето, траело само 65 секунди.

Како причина за развод било наведено „непромислено однесување“ од страна на Роуан, но не се познати други детали.
Бидејќи во 24-те години што беа заедно Роуан заработи многу пари, од разводот, Сунетра ја доби нивната куќа во Челзи која се проценува на повеќе од 20 милиони долари.

Актерот доби дете со „новата“ партнерка
По разводот, актерот престана да ја крие аферата, за во 2017-та да добие и ќерка со Луиз.
За разлика од останатите две деца, најмалата ќерка се држи настрана од јавноста, а ни Роуан и Луиз не ја спомнуваат.

Целото семејство на актерот избегнува да зборува за разводот, но неодамна се огласи постарата ќерка на Роуан.
Според она што го кажува, периодот кога родителите се разведувале бил особено тежок за неа.
„Поминав низ многу хаос и осаменост во моите 20-ти. Сега имам 30 и можам јасно да видам каде бев и што ми се случуваше во тие најмрачни денови.
Бев многу изгубена и почнав да се чувствувам малку понормално дури во доцните 20-ти. Секогаш бев заробена помеѓу два свеста – како да припаѓам и не припаѓам овде“.
Таа додава и дека ѝ било тешко да се пронајде себеси кога потекнува од растурено семејство.

Прочитајте и: Факти за Мистер Бин, Роуан Аткинсон - има 26 години помлада девојка, на 62 години стана татко по трет пат
Спирова С. | Црнобело