„Доктор Слоун“ од Grey’s Anatomy е во количка поради болеста што ќе го парализира: „Ја изгубив цела десна страна“
- Детали
- среда, 01 октомври 2025
Само пет месеци откако ја откри дијагнозата со амиотрофична латерална склероза, актерот Ерик Дејн беше фотографиран во инвалидска количка. Болеста брзо напреднува и целосно ќе го парализира, а тој откри дека веќе ја изгубил целата десна страна.

Во април годинава, Ерик Дејн, најпознат по улогата на доктор Слоун во серијата Grey’s Anatomy (Вовед во анатомија), откри дека боледува од амиотрофична латерална склероза.
Очигледно, болеста напреднува брзо, бидејќи 52-годишниот актер неодамна беше фотографиран во количка.

Болеста од која страдаше и физичарот Стивен Хокинг предизвикува прогресивна дегенерација на невроните во ’рбетниот мозок и мозокот.
Поради ова, со текот на времето, заболените ја губат контролата над екстремитетите, односно стануваат парализирани. Се јавуваат и проблеми со дишењето, а во просек, заболените живеат од две до пет години по дијагнозата.
Секако, има и исклучоци – некои луѓе живеат и над десет години, како Стивен Хокинг, кој почина на 76, иако ја добил дијагнозата уште во студентските денови.

Актерот Ерик Дејн беше фотографиран на аеродром, во количка што ја управуваше самиот, но изгледа како состојбата да му е влошена.
Пред само три месеци, актерот спомна дека е загрижен за неговите нозе бидејќи почнувал да забележува проблеми.

Во кратка изјава што му ја даде на фотограф, се забележуваат и промени во неговиот говор, а на прашањето што сака да им каже на фановите кои се загрижени за него, актерот рече:
„Имајте верба“.

Извор близок до актерот за Daily Mail сподели детали за неговата состојба.
„Дијагнозата е тажна и Ерик се потпира на неговата вера за да се справи, но семејството и пријателите навистина истапија и прават да се чувствува сакано. Бидејќи, со сето ова, состојбата само му се влошува и навистина е тажно.
Но, Ерик се обидува да покаже храброст и сака максимално да ужива сега бидејќи знае дека утрешниот ден не му е загарантиран. Сака да го живее животот и не сака луѓето да тагуваат за него додека се справува со оваа ужасна болест.
Само сака луѓето во неговиот живот да бидат овде и што е можно посреќни. Сака да се опкружи со позитивност. Тоа е нешто што му дава најголем поттик“.

Уште во јуни, Ерик откри дека болеста напреднува и дека сега има само една рака што може да ја користи.
„Мојата доминанта страна, левата страна, функционира. Мојата десна страна целосно престана да работи. Мислам дека уште неколку месеци ќе ја немам ни левата рака“.

Тогаш актерот уште можеше да оди, но изрази загриженост за својата подвижност.
Ерик Дејн седум години е во брак со актерката Ребека Гејхарт, но беа разделени некој период.
Тие планираa и да се разведуваат, но по дијагнозата ја прекинале постапката.

Тие имаат две деца на 15 и 13-годишна возраст, а тој период актерката кажа дека се блиски и дека заедно се грижат за нив.
Спирова С. | Црнобело