Македонски и светски познати парови кои се разведоа по (повеќе од) 20 години брак
- Детали
- сабота, 04 октомври 2025
Веста дека Никол Кидман и Кит Урбан се разведуваат по скоро 20 години брак ја изненади јавноста, особено што изгледаа заљубени дури и на последните заеднички појавувања пред неколку месеци. Но, и кај нас и во регионот има познати парови кои ставија крај на бракот по 20+ години. Кои се тие?

Секојпат кога ќе се разведе некој пар кој со децении бил во брак, тоа е вистинско изненадување, особено што во јавноста постои слика која се идеализира - дека паровите кои се заедно толку долго, ќе останат заедно засекогаш.
Но, разводите се некогаш неминовни, дури и кај луѓето кои се заедно долго време.
И тоа не е само во светот, туку и кај нас и во регионот.
Кои македонски и светски познати парови се разведоа по (повеќе од) 20 години брак?
Адријана и Горан Алачки
Пејачката и водителка на кулинарската емисија „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки, се разведе од познатиот хармоникаш Горан Алачки по 25 години брак.
Круна на нивната некогашна љубов се нивните деца, ќерката Грациела и синот Благоја.
Иако по разводот се чинеше дека се во добри односи, пред неколку години јавно се расправаа поради презимето Алачки, кое Адријана го задржа и по разводот.

Анета и Џими Мицевски
Фолк-пејачката Анета Мицевска по 22 години, стави крај на бракот со музичарот Џими Мицевски, со кого ја има ќерката Моника.
Тие долги години настапуваа заедно во бендот „Молика“.

Драгана Мирковиќ и Тони Бјелиќ
Пејачката и бизнисменот ставија крај на својот брак по 26 години, по иницијатива на Тони.
Нивниот развод, за кој се пишуваше дека е милионски и дека парот требал да подели пари и имот вредни околу 100 милиони евра, се финализираше една година, откако започна судската постапка.

Никол Кидман и Кит Урбан
Актерката и кантри музичарот се разведуваат по речиси 20 години брак.
Според извор близок до парот, Кит се иселил од дома, иако Никол сакала да го спаси бракот, но откако јавно се дозна за разделбата, таа поднесе барање за развод.
Тие ги имаат ќерките Сандеј Роуз (17) и Фејт Маргарет (14).

Хју Џекмен и Дебора-Ли Фернес
Љубовната приказна на актерите започна во 1995 година на снимањето на австралиската серија „Корели“, а се венчаа помалку од една година подоцна.
Беа во брак 27 години брак и имаат две деца, синот Оскар (23) и ќерката Ава (18).
