Македонски и светски познати парови кои се разведоа по (повеќе од) 20 години брак
Бил и Гејтс и Мелинда Френч
Еден од најбогатите парови во светот, Бил и Мелинда Гејтс, објавија дека се разведуваат во 2021 година, по 27 години брак.
Тие се запознале во 1987 година, се венчале по 7 години и заедно изградија бизнис и филантропска империја, вклучувајќи ја и Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.
Двојката има три деца, а по разводот, Мелинда ја напушти нивната заедничка фондација за да се посвети на своите проекти.

Џеф Безос и Мекензи Скот
Основачот на Амазон, Џеф Безос, и Мекензи Скот се разведоа во 2019 година по 25 години брак.
Нивниот развод се смета за еден од најскапите во историјата, а голем дел од парите што Мекензи ги доби по разделбата, ги донираше во хуманитарни цели.
Двојката има четири деца.

Мерил Стрип и Дон Гамер
Актерката Мерил Стрип и скулпторот Дон Гамер ја шокираа јавноста во 2023 година објавувајќи дека се разделени повеќе од шест години.
Веста дојде кратко по нивната 45-годишнина од бракот.
Тие се венчаа во 1978 година и имаат четири деца заедно.

Мирна Коли-Ли и Морган Фримен
Актерот Морган Фримен и Мирна Коли-Ли беа во брак 26 години пред да се разведат во 2007 година.
Нивниот развод беше финализиран дури во 2010 година.

Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер
Бракот на Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер заврши во 2011 година по 34 години заедно.
Причината за ова беше признанието на Шварценегер дека има дете со нивната домаќинка и дека го добил 14 години претходно.
Двојката има четири деца - ја почнаа врската во 1977 година, Марија поднесе барање за развод во 2011 година, а официјално ставија крај на бракот десет години подоцна, во 2021-ва.

А. Ј. | Црнобело