Оправдуваше насилство кон жени, гангстер пробал да го убие: Скандалозниот живот на Шон Конери

„Сметам дека нема ништо погрешно во тоа да се удри жена. Ако е хистерична, јас би ја удрил“, гласи контроверзната изјава на актерот во интервју за Playboy.

opravduvashe-nasilstvo-kon-zheni-gangster-probal-da-go-ubie-skandalozniot-zhivot-na-shon-koneri-01.jpg

Шон Конери, најпознат оп улогата на Џејмс Бонд, важи за еден од најдобрите британски актери.

Во долгогодишната кариера, се појави во низа култни филмови, освои Оскар, Златен глобус и бројни филмски награди.

Има добиено и многу почесни награди, а беше прогласен и за витез.

Актерот почина во 2020-та, на 90-годишна возраст и остави огромно наследство, но приватно, Шон Конери бил и проблематична личност.

Факти за неговиот живот:

Имал тешко детство

Роден во 1930 во Шкотска, Шон Конери морал да се откаже од училиштето на 13-годишна возраст за да го издржува семејството.

Најпрво работел како разнесувач на млеко, а потоа работел и во погребна служба, бил обезбедување, а извесен период бил и гол модел за студентите на факултет за уметност во Единбург.

На 16-годишна возраст станал дел од кралската морнарица, но по неколку години го пратиле дома поради проблеми со здравјето.

Бидејќи сакал бодибилдинг, извесен период добивал и ангажмани како модел.

opravduvashe-nasilstvo-kon-zheni-gangster-probal-da-go-ubie-skandalozniot-zhivot-na-shon-koneri-04.jpg

Улогата на Џејмс Бонд го направи ѕвезда

На почетоците од филмската кариера, Шон Конери добивал ангажмани само како статист.

Ако успеел да добие улога, тоа било во нискобуџетен филм, па речиси и да немал приходи од оваа професија.

Но, продуцентите почнале да го забележуваат неговиот талент, добивал подобри улоги, за на крај да му биде понудена улогата на Џејмс Бонд.

opravduvashe-nasilstvo-kon-zheni-gangster-probal-da-go-ubie-skandalozniot-zhivot-na-shon-koneri-05.jpg

Интересно е што актерот се двоумел дали да ја прифати улогата. Но, бидејќи книгите веќе биле популарни, сфатил дека има шанси за успех.

Па, во период од една деценија, актерот се појави во шест филмови за познатиот таен агент и стана светски познат.

Иако улогата го направи ѕвезда, актерот многупати изјавуваше дека му е смачено од Џејмс Бонд и дека посакува „да го убие“ ликот.

Но, успее да се избори и за други улоги и постепено стана познат како еден од најдобрите британски актери.

opravduvashe-nasilstvo-kon-zheni-gangster-probal-da-go-ubie-skandalozniot-zhivot-na-shon-koneri-12.jpg

Имал конфликт со гангстер

Во 1957 година, на сетот на Another Time, Another Place, Шон Конери ја запознал актерката Лана Турнер.

Тој период Лана била секс симбол, но била и во врска со гангстерот Џони Стомпанато.

Џони бил познат во Лос Анџелес, имал конекции со елитата во Холивуд, а и честопати излегувал со познати актерки.

Во филмот, Шон и Лана Турнер глумат пар, а почнале да се шират гласини дека не престанувале да се бакнуваат дури и откако завршувало снимањето на сцените.

Ова го разгневило гангстерот, па решил да се соочи со актерот.

opravduvashe-nasilstvo-kon-zheni-gangster-probal-da-go-ubie-skandalozniot-zhivot-na-shon-koneri09.jpg

Лана го молела да не доаѓа на сетот, но тој не ја послушал. Кога пристигнал, Лана и Шон снимале сцена во која се прегрнувале.

Тогаш гангстерот извадил пиштол, го вперил во актерот и му наредил да се тргне од девојка му.

Но, Шон брзо изреагирал – му ја фатил раката, му ја свиткал и успеал да му го одземе пиштолот.

Лана викнала полицијата, па гангстерот бил уапсен бидејќи ги прекршил законите за оружје во Англија.

Бидејќи целата драма се случувал на сетот, постојат гласини дека била снимена, но досега не се појавила ниту една снимка.

opravduvashe-nasilstvo-kon-zheni-gangster-probal-da-go-ubie-skandalozniot-zhivot-na-shon-koneri-11.jpg

Оправдуваше насилство кон жени

Од 1962 до 1973 година, Шон Конери беше во брак со австралиската актерка Дајен Силенто.

Многу години по разводот, таа издаде мемоари во кои го обвини Шон за физичко и психичко насилство.

Постојано ја тепал, а еднаш ја удрил толку силно, што таа изгубила свест.

opravduvashe-nasilstvo-kon-zheni-gangster-probal-da-go-ubie-skandalozniot-zhivot-na-shon-koneri-10.jpg

Додека беа во брак, Шон Конери даде интервју за Playboy во кое вели дека е во ред да се удираат жени:

„Сметам дека нема ништо погрешно во тоа да се удри жена, иако не препорачувам да ја удрите како што би удриле маж.

Шлаканицата со отворена дланка е оправдана, ако сите други алтернативи се безуспешни и сте ја предупредиле. Ако жената е к**ка или хистерична, би ја удрил“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава