Оправдуваше насилство кон жени, гангстер пробал да го убие: Скандалозниот живот на Шон Конери

Потоа, во 1980-тите, во друго интервју актерот беше прашан за оваа изјава и само ладнокрвно кажа дека уште го има истиот став.

Дури во 2006 година, актерот повторно се огласи за вознемирувачките изјави:

„Сметам дека насилството кон жените никогаш не е оправдано, под никакви околности“.

Тој тврдеше и дека старите изјави биле извадени од контекст, но сепак, низ годините, се соочуваше со многу критики.

opravduvashe-nasilstvo-kon-zheni-gangster-probal-da-go-ubie-skandalozniot-zhivot-na-shon-koneri14.jpg

Ја изневеруваше втората сопруга

Втората сопруга на Шон беше Мишелин Рокбрун, со која остана во брак со неговата смрт во 2020-та.

Кога се запознале, Мишелин имала два развода зад себе и три деца, а вели дека на првата средба, не го ни препознала. Но, лесно ја освоил, почнале врска и во 1975 година стапија во брак.

Иако наводно ја сакал сопругата, во 1989 година, тој почна афера со пејачката Линси де Пол.

opravduvashe-nasilstvo-kon-zheni-gangster-probal-da-go-ubie-skandalozniot-zhivot-na-shon-koneri-13.jpg

Аферата траела неколку месеци, а Линси откри дека го запознала на забава на која актерот присуствувал со сопругата.

„Јас не сакав афера со него и се обидував да одржам платонски однос. Но, тој беше многу упорен. Па, си реков - зошто да не?

Не ја познавав неговата сопруга, па не се чувствував лошо“.

Сепак, подоцна Линси изјави дека се каела за аферата, особено кога дознала дека актерот бил насилен кон првата сопруга.

opravduvashe-nasilstvo-kon-zheni-gangster-probal-da-go-ubie-skandalozniot-zhivot-na-shon-koneri-03.jpg

Соседите го тужеле неколкупати

Во 2005 година, соседот кој живеел во апартманот под оној на Шон Конери и сопругата ги тужеше за вознемирување, пуштање гласна музика и лошо однесување.

Според тужбата, проблемите почнале уште во 2002 година, а малтретирањето од страна на актерот било толку лошо, што соседот и семејството морале да се иселат.

Актерот им предизвикал и материјална штета во домот кога си го реновирал апартманот.

opravduvashe-nasilstvo-kon-zheni-gangster-probal-da-go-ubie-skandalozniot-zhivot-na-shon-koneri-06.jpg

Соседите бараа 30 милиони од актерот, а тој им возврати со контратужба и ги нарече соседите „паразити“.

Конфликтот продолжи и во 2014 година, кога стигнала тужба и до синот на Шон Конери, од сосед кој сега живеел во апартманот на подолниот кат.

Во 2019 година беше направена спогодба, но не се познати деталите.

opravduvashe-nasilstvo-kon-zheni-gangster-probal-da-go-ubie-skandalozniot-zhivot-na-shon-koneri-08.jpg

Кралицата Елизабета го прогласи за витез

Во 2000 година, Шон Конери ја доби титулата Сер, откако кралицата Елизабета Втора го прогласи за витез за неговиот удел во филмската индустрија.

Церемонијата се одржа во Шкотска.

opravduvashe-nasilstvo-kon-zheni-gangster-probal-da-go-ubie-skandalozniot-zhivot-na-shon-koneri-17.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава