Сама се поканила на Модната недела во Париз: Меган Маркл се „бламира“, додека Хари бара прошка од кралското семејство

Посетата на Модната недела во Париз на Меган Маркл беше одбележана со контроверзии, а сега се дозна и дека самата се поканила на настанот. Во меѓувреме, Хари очајно пробува да го подобри односот со кралското семејство, но наводно ќе помине време додека кралот повторно да му верува.

sama-se-pokanila-na-modnata-nedela-vo-pariz-megan-markl-se-blamira-dodeka-hari-bara-proshka-od-kralskoto-semejstvo01.jpg

Откако со Хари го напуштија кралското семејство, на Меган Маркл не ѝ е тешко да привлече внимание, но доста често од погрешни причини.

Обидувајќи се да се избори за своето место во јавниот живот, Меган снима емисии, гостува на поткасти, присуствува на доделувања на награди, а последно се појави на Модната недела во Париз, и тоа првпат во нејзиниот живот.

sama-se-kani-na-nastani-se-fali-so-pari-megan-markl-se-blamira-dodeka-hari-bara-proshka-od-kralskoto-semejstvo-06.JPG

Меган изјави дека присуствувала на Модната недела поради нејзиното пријателство со првиот дизајнер на Balenciaga – Пјерпаоло Пичоли.

Но, сега дизајнерот открива дека нивното пријателство е всушност повремено пишување пораки, како и дека Меган самата се поканила на настанот.

sama-se-kani-na-nastani-se-fali-so-pari-megan-markl-se-blamira-dodeka-hari-bara-proshka-od-kralskoto-semejstvo-4.JPG

Во интервју, познатиот дизајнер вели дека Меган го прашала дали може да дојде.

„Меган и јас се запознавме пред неколку години и оттогаш си праќаме пораки. Таа ме исконтактира и ми рече дека би сакала да дојде на ревијата. Немаше некаква стратегија или планирање“.

Дизајнерот потврдува дека Меган одлучила да дојде во последен момент.

„Не кажував дека доаѓа и Меган бидејќи сакав да биде изненадување. Во модата, вистинските изненадувања се ретки, а ова беше убаво“.

sama-se-kani-na-nastani-se-fali-so-pari-megan-markl-se-blamira-dodeka-hari-bara-proshka-od-kralskoto-semejstvo-07.JPG

Средбата на Меган и дизајнерот на ревијата беше, во најмала рака, непријатна за гледање, а моментот кога се поздравуваат е овековечен и на видео. И, стана и еден од највиралните моменти од Модната недела во Париз.

Меган имаше и други непријатни ситуации.

На една од ревиите, беше снимена како се смее кога еден модел се сопна на пистата. Додека сите во публиката делуваа ладнокрвно, Меган не ни пробуваше да ја скри смеата.

Меган сподели и видео од автомобил во близина на месото каде што загина принцезата Дијана, па беше критикувана и за ова.

Таа се соочи и со шеги за начинот на којшто одела на една од ревиите, а некои ја споредуваа и со ликот на Бен Стилер од Zoolander.

Откако се врати во САД, меган сподели видео од патување во Њујорк каде во фокус се нејзините брендирани чевли и облека.

Некои сметаат дека со ова Меган (уште еднаш- покажала дека нема допир со реалноста, особено бидејќи неодамна тврдеше дека е „најобична жена“ која се дружи со „домаќинки и жени кои имаат обични работни места“.

Меган тврдеше и дека со Хари пробуваат да бидат како и сите други „обични“ семејства во нивото соседство.

„Сакаме да имаме нормален живот како родители и за нашите деца, без разлика колку е уникатна нашата ситуација.

Имам неколку пријателки овде – домаќинки и жени со нормални работни места, кои не се јавни личности“, сподели Меган за нејзиниот живот во Калифорнија.

sama-se-kani-na-nastani-se-fali-so-pari-megan-markl-se-blamira-dodeka-hari-bara-proshka-od-kralskoto-semejstvo-02.JPG

Во меѓувреме, Хари како да пробува да се држи настрана од јавноста, а дури и пробува да го подобри односот со неговото семејство.

Неодамна, тој имаше приватна средба со татко му, кралот Чарлс, по повеќе од 18 месеци, но извори блиски до кралското семејство велат дека нема да му прости така лесно.

„Хари нема да биде пречекан со отворени раце, сигурно не до Божиќ. Што се однесува до кралот, вратата за Хари е секогаш отворена, но Хари треба да го положи тестот за доверба.

Ако го положи, ќе има уште една средба во новата година“.

sama-se-kani-na-nastani-se-fali-so-pari-megan-markl-se-blamira-dodeka-hari-bara-proshka-od-kralskoto-semejstvo-10.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издом...
Бруклин Бекам со трогателна исповед против родителите: „Мајка ми го украде првиот свадбен танц од мо... „Моите родители пробуваа да ми ја уништат врската уште пред мојата свадба. Ноќта...
Меган Маркл критикувана за „морничаво“ видео од лимузина, во близина на местото каде што загина прин... Меган Маркл сподели видео од лимузина снимено во Париз, во близина на местото ка...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Детали за првиот брак на Меган Маркл: Се разведоа по 2 години, му го вратила прстенот по пошта Првиот брак на Меган Маркл траеше околу две години, а наводно нејзиниот поранеше...

Најчитани неделава