Првиот сопруг на Џеј Ло ја нападна пејачката: „Лажеш и изневеруваш – по 4 разводи, јасно е дека ти си проблемот“
- Детали
- понеделник, 20 октомври 2025
„Престани да ме омаловажуваш глумејќи жртва. Проблемот не сме ние (бившите), проблемот си ти“, изјави првиот сопруг на Џеј Ло кој бил испровоциран од изјава на пејачката дека ниту еден од четирите сопрузи не ја сакал вистински, бидејќи не биле способни.

Џеј Ло зад себе има четири пропаднати бракови, а од првиот сопруг се раздели уште во 1990-тите.
Пејачката и актерот Оџани Ноа беа во брак од 1997 до 1998 година, а сега, две децении подоцна, тој реши да се огласи за нивната врска.
Во неколку објави на Инстаграм Стори, тој ја напаѓа Џеј Ло и ја обвинува дека го изневерила.
Првиот сопруг на пејачката бил испровоциран од нејзина неодамнешна изјава во шоуто на Хауард Стерн.
Џеј Ло изјави дека никогаш не била „висински сакана“ бидејќи нејзините поранешни партнери не биле способни за тоа.
„Не се способни, го немаат тоа во себе. И, ми даваа сè што имаа, секогаш. Сите прстени, што и да посакам. Куќи, прстени, брак. Сето тоа, но…“
Изјавата очигледно го разгневила првиот сопруг на Џеј Ло, кој на Инстаграм сподели:
„Престани да нè омаловажуваш. Престани да ме омаловажуваш глумејќи жртва. Проблемот не сме ние, не сум јас. Проблемот си ти. Тие не можеше да се контролираш.
Беше ’сакана‘ неколкупати. Беше во брак четирипати. Имаше бројни врски помеѓу. Имаше добри врски. Со мене, на пример… Но, ти избра слава и богатство и се оттргна од нашата врска.
Одлучи да лажеш, да ме изневеруваш, иако останував. Дури пробав и да го спасам бракот. Дури и ме молеше да го одржуваме бракот за да избегнеш лош публицитет…