Првиот сопруг на Џеј Ло ја нападна пејачката: „Лажеш и изневеруваш – по 4 разводи, јасно е дека ти си проблемот“
„Сакаше да продолжиш со изневерување и лажење. Веќе не можев да се справувам со константното лажење. Затоа те оставив. Затоа се разведов од тебе.
Барем еднаш кажи ја вистината. Кажи им на луѓето дека ти си проблемот. Треба да бидеш засрамена од себе“, пишува, меѓу другото, во објавите.
Засега Џеј Ло се нема огласено за критиките од бившиот, но дел од јавноста се согласува со него.
Уште кога почна да се шпекулира дека ќе се разведува по четврти пат, многумина коментираа дека проблемот веројатно е кај Џеј Ло.
Во коментари на објави за критиките на нејзиниот прв сопруг, многумина уште го имаат истиот став.
„Добро што си го кажа своето, но ова е нешто што сите сме го помислиле. Џеј Ло ќе ги згази сите пред себе за да стигне до врвот“.
„Тоа што била во брак и се развела четирипати ми кажува дека таа е проблемот“.
„Добро е што истапи за себе и се одбрани“.
„Целиот свет знае дека таа е проблемот. Веќе нема допир до реалноста…“
„Замислете да се разведете толку многу пати и да не сакате да си признаете дека вие сте проблемот“.
Џеј Ло и првиот сопруг Оџани се запознаа во 1996 година во Мајами. Речиси веднаш почна врска, се венчаа на почетокот до 1997-ма, но се разделија само 11 месеци подоцна.
Досега, Оџани избегнувал да ја коментира врската со Џеј Ло, а кога зборувал за неа, кажувал главно позитивни работи.
Минатата година, кога Џеј Ло се разведуваше од Бен Афлек, Оџани сподели дека е во добар однос со неа.
„Секогаш ќе ѝ бидам пријател. Имам сочувство и за двајцата (Бен и Џеј Ло) бидејќи разводите се тешки“.
Откако се разведе од Оџани, Џеј Ло се венча со актерот Крис Џуд и беа во брак од 2001 до 2003 година.
Третиот сопруг на Џеј Ло е Марк Ентони, со кого беше во брак од 2004 до 2011 година.
Бракот со Бен Афлек беше четврти за пејачката.
Погледнете и: Бен Афлек и Џеј Ло како вљубен пар на премиера, една година по разводот: „Сака да го бакне“
Спирова С. | Црнобело