Ким Кардашијан во бизарен аутфит со маска на гала свеченост: „Можеби крие лузни од пластична операција“ (фото)
- Детали
- понеделник, 20 октомври 2025
На Гала свеченост во Музејот на американската филмска академија, меѓу важните имиња од Холивуд се појави и Ким Кардашијан во бизарен аутфит – долг фустан со многу тесен корсет и маска која целосно ѝ го крие лицето.

Викендов се одржа гала свеченост во Музејот на американската филмска академија во Лос Анџелес.
Музејот е отворен од 2021 година, а свеченоста беше организирана со цел да се соберат пари за институцијата.
Очекувано, на настанот присуствуваа некои од најголемите имиња во Холивуд, како Деми Мур, Пенелопе Круз и Ева Лонгорија, но имаше и други јавни личности.
Меѓу присутните беше и Ким Кардашијан која се соочи со пофалби, но многу повеќе со критики за бизарниот аутфит.
44-годишната ријалити ѕвезда се појави во долг елегантен фустан со корсет, во комбинација со раскошен ѓердан.
Но, целиот стајлинг го комплетирала со бизарна маска која ѝ го криеше лицето.
И, токму овој детаљ наиде на критики.
Некои сметаат дека аутфитот на Ким е уникатен, но други ја исмејуваат, па дури и се шегуваат дека ги крие раните од последната пластична операција.
Некои се шегуваат и за корсетот на фустанот кој делува претесно.
„Да не пробува повторно да го освои Канје?“
„Што пробува да каже со смешниот аутфит? Дека е жена без лице?“
„Сигурно направила фејслифтинг и уште закрепнува“.
„Можеби ова е нејзината маска за Ноќта на вештерките“.
„Веројатно направила корекција на лицето – не може мајка ѝ да изгледа помладо од неа“.
„Зошто има некакви израстоци под градите?“
„Аутфитот е вистински кошмар и изгледа како да има четири гради“.
Подоцна на настанот Ким сепак ја извади маската.
На црвениот тепих, Ким даде и кратка изјава за бизарниот аутфит. Вели дека фустанот многу ја потсетувал на нејзиниот бренд SKIMS и ѝ се допаднал уште кога го видел на ревија.
На прашањето дали може да гледа со маската, Ким вели дека може. Бидејќи корсетот е претесен, Ким беше прашана и дали планира да јаде на настанот.
„Не се јаде на ваквите настани. Едноставно никој не јаде. Но, јас јадев пред да дојдам“.
Ова не е првпат ријалити ѕвездата да си го скрие лицето на важен настан.
Во 2021-ва, на Мет галата, Ким се појави во целосно црн аутфит и црна маска на лицето. И тогаш како и сега се соочи со шеги и критики за изгледот.
Повеќе фотки од ѕвездите во Музејот на американската филмска академија:
Спирова С. | Црнобело