Мислела дека Мадона ќе ѝ го „украде“: Зошто заврши љубовта на Антонио Бандерас и Мелани Грифит?
- Детали
- сабота, 25 октомври 2025
Антонио Бандерас и Мелани Грифит беа во брак околу 18 години и делуваа како навистина среќен пар. Па, кога соопштија дека се разделуваат, и фановите, и нивните блиски биле изненадени од одлуката.

Антонио Бандерас и Мелани Грифит беа во брак 18 години, пред да се разделат во 2014-та.
Иако веќе не се заедно, актерите имаат само почит еден за друг.
Денес велат дека меѓу нив секогаш ќе има љубов, па штом се во толку добри односи, за јавноста е чудно зошто воопшто се разделиле.
Па, зошто се разведоа по скоро две децении заедно?
Кога се запознаа, и двајца беа во брак со други партнери
Мелани и Антонио се запознале во 1989 година, на доделувањето на Оскарите.
Актерот веднаш ја забележал, но не можел да ја препознае, па го прашал режисерот Педро Алмодовар за неа.
„Го прашав Педро која е, како се вика. Педро ми го кажа нејзиното име и шест години подоцна, се венчавме“.
Но, додека актерот вели дека бил воодушевен од нивната прва средба, Мелани има поразлична приказна.
Таа присуствуваш на церемонијата со нејзиниот тогаш сопруг, Дон Џонсон, а вели дека Антонио ѝ поставил многу непријатно прашање.
„Првото нешто што ме праша беше колку години имам. Му реков дека тоа е најнеучтивото прашање што сум го добила. Но, имаше некој шарм…“
Се зближија додека работеа на заеднички филм
Првата соработка на Антонио и Мелани е филмот Two Much. Иако тогаш и двајцата биле во брак, меѓу нив се родиле чувства.
„Беше многу брзо, многу компулсивно, но тогаш и двајцата бевме врзани (за други луѓе). Се обидувавме да им покажеме почит на нашите партнери.
Мислевме дека она меѓу нас е нешто што се случува само на сетот бидејќи глумевме пар“, има изјавено актерот.
Но, сепак, и двајцата се разведоа и за помалку од една година, се венчаа во Лондон.
Иако беа среќни, се соочуваа со проблеми
На почетокот кога се венчаа, повеќето прогнозираа дека Антонио и Мелани нема да издржат заедно многу долго.
Мелани двапати се венча и се разведе од Дон Џонсон, па јавноста веруваше дека повторно ќе му се врати.
Истовремено, пред да се венча со Антонио, таа имаше и проблеми со зависност од седативи. Беше на рехабилитација, но потоа повторно му се врати на порокот.