Мислела дека Мадона ќе ѝ го „украде“: Зошто заврши љубовта на Антонио Бандерас и Мелани Грифит?
По повреда на вратот, на Мелани ѝ биле препишани лекови против болка и повторно станала зависна од нив.
Но, овој пат ја имаше поддршката од Антонио, кој многупати јавно ја охрабруваше сопругата.
„Зависноста е болест и Мелани се бореше многу силно. Горд сум на неа и секогаш ќе бидам“, изјави актерот во 2011-та, откако состојбата на Мелани беше многу подобра.
Додека беа заедно Мелани уште еднаш беше на рехабилитација. Сепак, тогаш нејзиниот портпарол изјави дека актерката не е зависна и дека посетата на центарот е само рутинска.
Мелани се плашела дека Антонио ќе ја остави за Мадона
Во 1996 година, Антонио Бандерас го снимаше мјузиклот Evita со Мадона.
Тој период, кратко по свадбата со Мелани, се шпекулираше дека Мадона пробува да го освои.
Мелани беше бремена и има изјавено дека не ѝ било сеедно и навистина се плашела дека ќе ѝ го „украде“.
„Наголемо се пишуваше за тоа како внимавам на Антонио и дека не сакам да го оставам насамо со Мадона… Бев повредена и бидејќи ми забранија да одам на сетот“.
Подоцна Мадона има изјавено дека никогаш не преминала граница со Антонио поради Мелани.
„Многу ми се допаѓаше, но тогаш тој беше со Мелани Грифит. Никогаш не го оставаше сам“.
Антонио, пак, се огласи за драмата пред само неколку години, изјавувајќи дека не ни знаел дека ѝ се допаѓа на Мадона.
Мелани поднесе барање за развод
Мелани и Антонио не зборуваа за брачните проблеми. Единствено, актерот имаше изјавено дека имале проблеми како и секој друг пар.
Сепак, во 2014-та, по 18 години заедно, Мелани поднесе барање за развод, а како причина навела „ненадминливи разлики“.
Разводот бил изненадување и за блиските кои воопшто не очекувале дека актерите ќе се разделат:
„И претходно имале проблеми, но никогаш не помислував дека може да дојде до развод. Меѓу нив има многу љубов.
Беа навистина добар пар. Мразам кога се распаѓаат бракови, особено како нивниот кој беше стабилен“.
Мелани има изјавено дека и двајцата биле виновни за разводот и дека го даваат најдоброто од себе да го задржат пријателскиот однос.
Антонио, пак, секогаш има само добри зборови за неа:
„Дури и ако сме разведени, Мелани е моето семејство и ќе ја сакам до крајот на животот.
Сите овие години останавме во контакт и нашата разделба беше мирна. Нашите деца ни се најважниот приоритет“.
Спирова С. | Црнобело