Трансродовото дете на Бен Афлек и Џенифер Гарнер е копија на тато – го споредуваат со популарното меме
- Детали
- вторник, 21 октомври 2025
Откако се декларира како трансродова личност, 16-годишниот син на Бен Афлек и Џенифер Гарнер ретко се појавува во јавност. Но, на новите папарацо фотки е очигледно дека сè повеќе личи на татко му, а некои го споредуваат и со виралната фотка од Бен која стана меме.

Бен Афлек и Џенифер Гарнер имаат три деца – ќерката Вајолет, синот Семјуел, како и синот Фин.
Фин, роден како Серафина, откри дека е трансродова личност минатата година, а оттогаш ретко се појавува во јавност.
Но, од последните папарацо фотки, јасно е дека 16-годишниот Фин сè повеќе личи на неговиот славен татко.
Фин беше фотографиран со мајка му Џенифер Гарнер.
Со темносин дуксер и фармерки, јавноста веднаш почна да го споредува со легендарната фотка од татко му Бен.
На фотката, која со години е популарно меме, Бен пуши цигара и изгледа мизерно – израз што стана препознатлив за него.
Иако на новите папарацо фотки Фин е во добро расположение, во еден миг направи слична поза како татко му.
За потсетување, Фин откри дека е трансродова личност минатата година, а го сподели своето ново име на меморијална служба за покојниот татко на Џенифер Гарнер.
Со кратка коса и црн костим, тинејџерот првпат се претстави како Фин, пред да одржи говор за својот дедо.
Фин и претходно беше фотографиран со многу кратка коса и во „машка“ облека, но дотогаш се немаше декларирано како трансродова личност.
Иако се разделени веќе десет години, Бен Афлек и Џенифер Гарнер се во мошне добри односи и заедно се грижат за нивните три деца.
Гарнер дури му беше поддршка на Бен и во неговиот последен развод од Џеј Ло.
Спирова С. | Црнобело