Му растури брак на близок пријател, го носи епитетот женкар со преку 20 славни љубовници - Сите жени на Кевин Костнер
- Детали
- четврток, 23 октомври 2025
Од Кортни Кокс и Хали Бери, преку манекенки, актерки, новинарки, со Ел Мекферсон и Мишел Фајфер - листата на љубовници на Кевин Костнер е навистина голема.

Американскиот актер и режисер, Кевин Костнер (70), долги години важи за еден од најпочитуваните во Холивуд, благодарени е на својот талент и харизма.
Иако на филмското платно е совршен, во реалноста е далеку од тоа - имал бурен љубовен живот, син кој не сакал да го признае, мрачен и скандалозен развод од последната сопруга.
За првата вистинска можност да се пробие во Холивуд, Костнер чекаше 6 години, кога ја доби улогата во филмот The Big Chill, со кој го привлече вниманието на режисерот Лоренс Касдан, па го ангажираше во вестернот Silverado како главен актер.

Улогата во јата улога во The Untouchables му донесе и Оскар за најдобра споредна машка улога, а тој успех го продолжи со филмот Dances with Wolves, за кој освои два Оскара - за режија и најдобар актер.
Сето ова го направи омилен меѓу жените, кои како да му паѓаа под нозе, а тој го доби епитетот женкар поради бројот на жени кои поминаа во неговиот живот (и за кои се знаеше јавно).
Сите љубовни афери на Кевин Костнер
Кевин ја запознал првата сопруга Синди Силва на Универзитетот во Северна Дакота, каде што дипломирал бизнис менаџмент. Се венчале во 1978 и биле во брак до 1994 година.
„Таа беше убава, слатка, попаметна од мене. Таа беше сè што барав кај една жена“, рекол Костнер во интервју во 1989 година.
Со неа ги доби ќерките Ени, Лили и Џо. Синди беше со него додека работеше на филмот Dances with Wolves, но по него нивниот брак западна во криза.
Со првата сопруга
Причината за ова беше неговото неверство.
„По 16 години заеднички живот, го завршивме нашиот брак. Заедно ќе ги решаваме сите прашања поврзани со нашите деца и финансиската состојба“, кажаа во заедничка изјава.
Децата на Костнер од првиот брак
Многумина се сомневаа дека Костнер потпадна под шармот на Хали Бери додека беше во брак со Синди.
Но тие никогаш не ги коментираа овие гласини, а и денес се блиски пријатели и често можат да се видат заедно на јавни настани.
Хали Бери
По разводот, актерот почна врска со Брижит Руни, чие семејство е сопственик на франшизата Pittsburgh Steelers NFL.
Кевин сакал неговата врска со Брижит, која траела од 1995 до 1996 година, да остане тајна, но се претвори во голем скандал.
Двојката доби син, Лиам, а Костнер првично го негираше татковството, сè додека Брижит не го натерала да направи тест.
Кога било потврдено дека Лиам е негов син, Кевин отворил фонд за него преку кој му праќал пари, а детето го гледал само повремено.

Во 1990-тите, Кевин наводно имаше бурна врска со Мишел Фајфер, која, траеше само неколку недели.
На таа листа поранешни љубовници на Костнер е актерката, модел и поранешна Мис, Били Џин Браун.
И актерката Пеги Трентини не му одолеа на шармот на Кевин.
Постои сомневање дека додека бил во брак со Синди Силва, една година пред нивниот развод, Костнер имал афера и со глумицата Мира Сорвино.