Поранешен модел за коментарите дека изгледа старо: „Ќе полнам 58 години и имам егзема – не сте херои ако навредувате нечиј изглед“
- Детали
- вторник, 22 јули 2025
„Пробајте да слушате што зборуваме, наместо постојано да ги навредувате жените за нивниот изглед. Можеби и ќе научите нешто“, порача 57-годишната Улрика Џонсон која е ТВ водителка, а во минатото беше и модел.

Улрика Џонсон е позната ТВ водителка во Англија која порано работеше и како модел.
57-годишната Улрика неодамна гостуваше во поткаст каде зборуваше за битката со алкохолизмот, но сосема неочекувано, потоа се соочи со критики и навреди за нејзиниот изглед во гостувањето.
Улрика откри дека иако добила комплименти за нејзината отвореност за битката со зависноста, на нејзино големо изненадување, на социјалните мрежи налетала и на низа навреди на сметка не нејзиниот „стар“ изглед.
Водителката, која изгледа одлично за својата возраст, вели дека иако ги игнорира навредите, сега чувствувала потреба да се огласи.
„Не добивам многу одвратни коментари или ако ги добијам, не им обрнувам внимание... Но, пред неколку години бев дел од поткаст каде што зборував за битката со алкохолизмот. Не носев шминка, делумно бидејќи заборавив дека проект наменет за слушање сега треба да биде и ’уживање за очите‘.
Но, како личност која морала да носи многу шминка уште од 5 наутро, не сум најголем фан. Сепак, клучно е дека уште од детството страдам од егзема. На моето тело – под пазувите и на колената, а на лицето – на очите и усните.
Шминката отсекогаш ми била непријател бидејќи за мене е агонија да ја носам.
Имаше многу позитивни работи за ЗБОРОВИТЕ што ги кажав во поткастот. Но, имаше и многу критики за мојата кожа со тен и колку СТАРО изгледам.
За неколку недели ќе наполнам 58 години. Никогаш нема да изгледам како 21-годишната девојка која ве поздравуваше кога ја најавуваше временската прогноза.
Не се срамам да кажам дека го обожавам сонцето и без сомнение ја плаќам цената за тоа. Но, УВ ламбите и слично биле дел од мојот живот уште од детството. Имам нееднаква пигментација која се влошува со годините. Некогаш користам филтри на моите фотографии бидејќи е полесно отколку да ставам пудра, и помалку болно.
Во текот на целата година, неуморно работам во мојата градина и често сум на сонце. Веќе ретко се сончам. Не сум била во солариум 6 месеци – нешто што го правам повремено кога е зима. Не се срамам од тоа.
Не сум зела одмор – каков било – уште од 2018-та. Тоа се седум години.
Па, можеби разбирам дека исончано, несовршено и лице што старее ве навредува. Но, пробајте да го слушате она што го зборуваме, наместо постојано да ги судите жените за нивниот изглед. Можеби и ќе научите нешто.
И, не сте херој ако направите некој да се чувствува ужасно“, стои во нејзината објава на Инстаграм.
Во поткастот, Улрика зборуваше за проблемите со алкохолизмот и гордо спомна дека престанала да пие пред 13 месеци.
Таа изјави и дека никогаш повеќе нема да допре алкохол и вели дека пиењето сега не ѝ делува привлечно.
Ако претходно се чувствувала мизерно, вели дека сега конечно чувствува мир и е благодарна за својот живот. Сепак, истакнува дека имало и тешки периоди.
Додава дека иако можеби некогаш во животот ќе се напие чаша вино, не сака да ризкуваа повторно да му се вати на порокот.
„Воопшто не сакам да ризикувам. Секогаш постои можност денес да се напијам чаша вино, но потоа да ми се случи нешто лошо, па да му се вратам на пиењето
. Сега, една година откако престанав да пијам, самата помисла да се напијам нешто прави да ми се гади“.
Улрика има четири деца и сега е пресреќна што може да биде вистинска мајка за нив.
„Искрено, сега приоритет ми е тоа да останам трезна. Бидејќи, ако не сум трезна, нема да можам да бидам овде за моите деца“.
Спирова С. | Црнобело