Дозвола за проститутки, отворен брак: Бизарни брачни договори на славните (кои завршиле со солзи)
Итан Хок и Рајан Шохјуз
Додека беше во брак со Ума Турман, не стивнуваа гласините дека Итан Хок ја изневерува.
Тој негираше, но откако се разведоа, актерот призна дека не верува во моногамија.
По разводот, Итан почна врска со Рајан Шохјуз – дадилката на децата што ги доби со актерката.
Иако се венча и со неа, стоеше на ставот дека моногамијата е детинеста.
Тој дури и суптилно кажуваше дека не планира да ѝ биде верен.
„Ни таа ни јас не знаеме каква ќе биде иднината. Сексуалната верност не треба да биде столбот на врската.
Ако навистина сакате некој, ќе му дозволите да созрева, но не може вие да дефинирате како ќе се случи тоа“.
Од ваквите изјави е јасно дека Итан и Рајан имаат донекаде отворен брак, а бидејќи уште се заедно, веројатно имаат направено некаков компромис.
Бела Торн и Тана Монго
Врската на Бела Торн и Тана Монго беше мошне хаотична, бидејќи тие се гледаа и со трета лична – музичарот Мод Сан.
Бела имаше изјавено дека не сакаат да се декларираат како полигамни личности, како и дека никој не може да ја разбере врската што ја дели со дечкото и девојката.
Сепак, по само еден месец, тројката раскина.
Уште почудно е што потоа Тана Монго и пејачот продолжија да се гледаат, но без Бела.
Иако не е познато дали тројцата имале отворена врска, факт е дека нивниот однос беше несекојдневен.
Лили Ален и Дејвид Харбор
Разводот на Лили Ален и Дејвид Харбор привлекува многу внимание, а најпрво како виновник беше претставен актерот.
Наводно, тој ја изневерувал пејачката и тоа било причина за нивниот развод.
Сепак, сега се дозна дека и двајцата не верувале во моногамија и всушност имале договор.
Лили му дозволувала на Дејвид да спие со други жени, но само ако се сексуални работнички.
Конфликтот наводно настанал кога Дејвид спиел со жена која не работела како проститутка.
Спирова С. | Црнобело
