Бред Пит непрепознатлив, со мустаќи и црвено лице: „Изгледа како да изел лута пиперка“
- Детали
- четврток, 30 октомври 2025
На фотки од бејзбол натпревар, Бред Пит не изгледа како филмска ѕвезда, туку како просечен, средовечен маж. Но, иако можеби не доби комплименти за изгледот, неговите блиски велат дека барем има среќа во љубовта и е радосен за врската со девојка му Инес.

Иако според многумина важи за еден од најубавите холивудски актери, изгледа веќе годините „го стигнуваат“ и Бред Пит.
На 61 година, актерот изгледа подобро од негови помлади колеги, но за последните фотки, фановите коментираат дека е значително променет – актерот има мустаќи и лицето му е црвено.
Бред беше фотографиран на бејзбол натпревар, а друштво му правеше басистот на Red Hot Chili Peppers.
Истиот натпревар го следеа и Меган и Хари, па за Daily Mail, извор вели дека никој не го ни погледнал Бред.
„Никој не му обрнуваше внимание на Бред. Мислам дека луѓето не го препознаа бидејќи не изгледаше како филмска ѕвезда, туку како обичен, просечен маж. Но, и сите беа фокусирани на Хари и Меган“.
Фотките од актерот почнаа да се споделуваат на Инстаграм и Твитер, каде многумина коментираат дека Бред не личи на себе.
„Бред Пит треба да почне да користи крем со фактор“.
„Зошто е толку црвен?“
„Бред Пит изгледа како да изел лута пиперка“.
„Изгледа дека Бред повторно пиел“.
„Бред Пит изглед како сопственик на автосервис, а басистот до него му е најдобриот автомеханичар“.
Иако можеби не добива комплименти за изгледот, извори блиски до актерот тврдат дека е пресреќен со девојка му Инес де Рамон.
„Бред ја вклучува Инес во сите негови планови за патување, а кога се дома, само се релаксираат заедно.
Навистина ја претворија нивната куќа во топол дом“.
Бред и Инес се заедно од 2022 година, а нивните блиски велат дека се совршени еден за друг.
„Бред е многу среќен и многу вљубен. Радосен е што Инес е покрај него. Кај неа нема драма, многу го поддржува и им оди навистина добро“.
Не е познато дали Бред и Инес планираат да се венчаат, но некои извори велат дека размислуваат за дете.
Спирова С. | Црнобело