Џонатан Бејли, ѕвездата на Bridgerton, е најсекси маж за 2025-та: „Пријателите ќе ме ‘утепаат’ од зафркавање“
- Детали
- вторник, 04 ноември 2025
„Ова е навистина апсурдно, не ми се верува. Долго време ја чувам тајната, па многу сум возбуден што ќе дознаат пријателите и семејството. Не кажав никому, освен на моето куче Бенсон, кое се фотографираше со мене. Но, морав да потпишам договор дека ќе молчам“ - рекол актерот, кој вчера беше претставен како Најсекси маж на светот 2025.

Британскиот актер Џонатан Бејли (37), кого публиката го засака со улогата на Лорд Антони во драмата Bridgerton на Нетфликс, ја понесе титулата за најсекси маж за 2025-та, а според изборот на магазинот People.

Оваа титула, која се држи во тајност до последен момент, а за која секоја година се шпекулира победникот, е меѓу најпосакуваните меѓу мажите во Холивуд.
А Џонатан беше претставен во шоуто на Џејми Фелон и предизвика бура позитивни реакции во јавноста.
За насловната страница на магазинот се направени две фотографии - едната е во океан, додека излегува во вода, а втората е со куче.

Бејли е првиот геј маж (што отворено го признава тоа) кој ја доби оваа титула, но и вториот под 40 години кој е избран за најсекси маж.
Претходно, само актерот Мајкл Џ. Џордан ја доби оваа титула пред да наполни 40, односно имаше 33 години кога беше избран за најсекси маж.

Џонатан во интервјуто за People вели дека за него е огромна чест што ја добил наградата.
„Почестен сум. Ова е навистина апсурдно, не ми се верува. Долго време ја чувам тајната, па многу сум возбуден што ќе дознаат пријателите и семејството.
Не кажав никому, освен на моето куче Бенсон, кое се фотографираше со мене. Но, морав да потпишам договор дека ќе молчам“ - рекол актерот.

