Вознемирување на сетот, тужба за плагијат: „Проклетството“ на хит-серијата Stranger Things
- Детали
- недела, 09 ноември 2025
Дејвид Харбур минува низ бурен развод и наводно ја малтретирал колешката Мили Боби Браун, додека креаторите на серијата добија тужба да плагијат.

По повеќе од една деценија, на серијата Stranger Things ѝ се ближи крајот.
Актерите, пак, од кои скоро сите ѝ беа непознати на јавноста, сега уживаат статус на ѕвезди.
Бидејќи фановите почнаа да ги следат нивните животи, во изминатите неколку години се појавија и скандали и мрачни детали од нивните животи.
Периодов најпопуларен е Дејвид Харбур со неговиот развод од пејачката Лили Ален, но и други актери од серијата се соочиле со контроверзии.
Скандалите на ѕвездите од Stranger Things:
Дејвид Харбур
Скандалите на Дејвид како да ја засенија премиерата на новата сезона бидејќи се сеприсутни.
Неодамна се дозна дека Дејвид ја вознемирувал помладата колешка Мили Боби Браун до тој степен, што таа побарала заштита на сетот.
Дејвид се нема огласено за ова, а засега и Нетфликс молчи и не открива што точно се случувало на снимањата.
Во меѓувреме, Дејвид е среде бурен развод.
Актерот и пејачката Лили Ален се запознаа на апликација за состанување и беа во брак четири години.
Се разделија минатиот декември, а неодамна Лили издаде цел албум посветен на грешките на Дејвид.
Наводно, актерот имал тригодишна афера. Според некои извори, тој и Лили имале отворен брак, но со услови – Дејвид можел да спие само со проститутки.
Но, тој имал и љубовница која не е сексуална работничка и затоа бракот се распаднал.
Ноа Шнап
Ноа Шнап најмногу внимание привлекува со неговите коментари во врска со војната помеѓу Израел и Палестина.
Најпрво тој го поддржуваше Израел и беше фотографиран со налепници на кои пишува „ционизмот е секси“.
Имаше многу објави во кои суптилно го поддржуваше геноцидот во Палестина, па по многуте критики, мораше да се извини.
Тој сподели дека не оправдува убивање невини луѓе и сака мир и безбедност за нив.
„Само сакам мир и безбедност за сите невини луѓе кои се погодени од овој конфликт. Сум разговарал со многу пријатели со палестинско потекло и од овие разговори сум научил многу“.
Се шпекулираше дека актерот бил притиснат од Нетфликс за да се извини, но ова не е потврдено.
Претходно Ноа беше критикуван и за расистички изјави, неповрзани со конфликтот во Газа, за кои исто така се извинуваше.