Вознемирување на сетот, тужба за плагијат: „Проклетството“ на хит-серијата Stranger Things
Чарли Хитон
Чарли Хитон брзо стана миленик на јавноста, но во 2017 година ризикуваше да ја загуби улогата.
Актерот беше фатен со кокаин на аеродром во Лос Анџелес.
Оттаму го испратиле во Лондон, од каде ја контактирал амбасадата и успеале да постигнат договор и да го вратат во САД.
Тој период требаше да почне снимањето на третата сезона и набрзо потоа продуцентите споделија дека актерот ќе ја репризира улогата.
Подоцна семејството на Чарли одлучи да го поддржи јавно, изјавувајќи дека тој не е зависник од дрога и дека кокаинот што му го нашле не бил негов.
Брет Гелман
Слично како Ноа, и Брет се соочи со критики за неговите ставови во врска со конфликтот меѓу Израел и Палестина.
На неговите објави, во кои го поддржува Израел, јавноста го критикува дека го поддржува геноцидот и убивањето невини луѓе.
Тој дури изјави и дека помладиот колега Ноа воопшто не требало да се извинува за неговите ставови.
Џозеф Квин
Самиот Џозеф не бил вклучен во скандал, но беше во врска со пејачката Доџа Кет која изминатите неколку години сe соочува со контроверзии.
Најпрво пејачката ширеше пропаганда дека коронавирусот е лажен. Потоа беше поврзувана со расистички групи и јавноста ја обвинуваше за расизам.
Па, фановите на Џозеф го критикуваа актерот зошто е во врска со неа.
Наводно, тие веќе не се заедно.
Браќата Дуфер
Браќата Дуфер се креаторите на серијата Stranger Things.
Две години по премиерата на серијата, тие се соочија со тужба дека ја украле идејата од краток филм од 2012 година.
Но, креаторот на краткиот филм ја повлече тужбата само две дена пред да почне судењето.
Подоцна изјави дека видел докази дека браќата сепак работеле на оригинална идеја уште во 2010 година.
Во меѓувреме, браќата беа обвинети за вербално малтретирање на неколку жени на сетот на серијата.
Од Нетфликс тврдеа дека направиле проверка и дека на сетот сè било во ред.
Сепак, подоцна браќата се извинија.
„Тажни сме што некој се чувствувал непријатно на нашиот сет. Поради стресната околина, некогаш се губи контрола над темпераментот и за тоа се извинуваме“.
Спирова С. | Црнобело