Крива вилица, дамка во окото – Необични физички карактеристики на познатите личности
- Детали
- сабота, 08 ноември 2025
Хетерохромија односно различна боја на очи, лузни од детството или од сообраќајни несреќи, парализа на дел од лицето - физички карактеристики на славните кои можеби не сте ги забележале.

Никој не е совршен, некои луѓе имаат некои физички карактеристики со кои се родени, а некои ги стекнале низ животот, но без разлика што се, се дел од нас.
И ѕвездите имаат необични особини на ликот или телото, кои можеби никогаш не сте ги забележале досега.
Погледнете дел од нив:
Тина Феј има лузна под устата, направена од напад со нож кога имала 5 години

Хенри Кавил има делумна хетерохромија, двете очи му се сини, но на едното има и кафеава точка

Натали Дормер има фацијална парализа со која е родена, а ова не е видливо кога актерката се смее или е добро покриено со шминка

Сандра Булок има лузна над левото око која ја има од дете, кога покрај езеро се лизнала и се удрила во карпа

Водителката Падма Лакшми често ја истакнува лузната која е широка 1.5cm и долга 18cm, а ја има од сообраќајна несреќа на 14 години

Кетрин Зита Џонс има лузна на вратот кај грлото заради трахеотомија која ѝ била направена во детството

Кајли Џенер има лузна на ногата откако кога била дете се исекла, а тоа ја потсетува на забавното детство

Џереми Ренер веројатно има состојба заради која прстите на рацете, а посебно ноктите му се во многу голема и необична форма

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Бред Пит се вика Вилијам – Познати личности за кои не знаете дека користат уметнички имиња
Вин Дизел се вика Марк Синклер (одбрал име што звучи моќно додека работел во ноќ...
Славни личности кои ја изгубија битката со ракот
Шенон Доерти водеше долга борба со ракот на дојка. Извесен период, ракот беше во...
Сопругата и љубовницата речиси се степале, ја посвоил ќерката за да ја заштити: Факти за Лајонел Рич...
Во новите мемоари, Лајонел Ричи зборува за најсрамниот момент од неговиот живот ...
10 ѕвезди кои си го сменија личниот опис со јаболчниците на лицето (фото)
Тркалезното лице на Бела Хадид сега е со истакнати и остри линии на јаболчниците...
„Ме следеа папараци до дома“: Обични луѓе кои биле во врска со славна личност споделуваат (лоши) иск...
„Излегував со холивудски актер. Еднаш ме однесе на забава со славни личности и… ...
„Ме давеше, ми се закануваше дека ќе ме убие“: Дениз Ричардс го обвини сопругот за насилство, откако...
„Во текот на нашата врска, честопати ме давеше, насилно ми ја притискаше главата...