Разликата во висина меѓу Кендал Џенер и Кортни Кардашијан ја збуни јавноста: „Нереално е“
- Детали
- четврток, 06 ноември 2025
За 30-тиот роденден на сестра ѝ Кендал, Кортни сподели неколку заеднички фотки, а на дел од нив, премногу до израз иде нивната разлика во висина. Додека Кортни има 152cm, Кендал е висока околу 180cm. Па, разликата е повеќе од очигледна.

Неделава Кендал Џенер го прослави 30-тиот роденден, а по тој повод сестра ѝ Кортни сподели неколку фотки на Инстаграм.
Но, покрај честитките, многумина коментираат за разликата во висина меѓу Кортни и Кендал.
„Кени моја љубов! Кралица на светот! Не ми се верува дека имаш 30. Љубов и смеа засекогаш, твојата мала поголема сестра“, стои во описот.
На повеќето фотки, разликата во висината на сестрите не се забележува, но на некои, каде се стојат една до друга, Кортни не достигнува ни до рамената на Кендал.
Фановите најмногу ја коментираат последната фотка од објавата која можеби е фотошопирана, но е со цел да ја покаже огромната разлика меѓу сестрите.
„Разликата во висина е луда!“
„Последната фотка не може да е вистинска“.
„Последната фотка е легендарна“.
„Немав воочено колку е Кендал повисока од сестра ѝ“.
„Помош! Дали Кендал е навистина толку висока?“
Кортни Кардашијан е висока околу 152 сантиметри, додека Кендал е околу 180 сантиметри и е највисока од кланот.
Веднаш по неа е Клои со околу 178 сантиметри.
И Ким Кардашијан е пониска како Кортни – има околу 157 сантиметри – додека Кајли Џенер има 168 сантиметри.
Кортни се има шегувано за разликата во висина со сестра ѝ Кендал и во минатото, а честопати се нарекува „малата поголема сестра на Кендал“.
Таа знае да се пошегува и на своја сметка и не крие дека сака да носи штикли за да делува повисоко.