Знаци дека Кортни Кардашијан и Тревис Баркер нема да издржат уште долго заедно

Покрај тоа што се свршија и венчаа за многу краток период, Кортни и Тревис имаат потполно различни фанови – фановите на тапанарот не ја сакаат Кортни, додека нејзините обожаватели сметаат дека тој ја контролира.

znaci-deka-kortni-kardashijan-i-trevis-barker-nema-da-izdrzhat-ushte-dolgo-zaedno-01.jpg

Кога се во прашање славни парови, изминативе неколку години ретко кој ја достигнал популарноста на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер.

Но, иако изгледа како да пробуваат да ги убедат сите дека се пресреќни заедно, јавноста има забележано неколку „црвени знаменца“ кои можеби значат криза во нивниот брак.

znaci-deka-kortni-kardashijan-i-trevis-barker-nema-da-izdrzhat-ushte-dolgo-zaedno-03.JPG

Знаци дека Кортни и Тревис можеби наскоро ќе се разделат:

Постојано се во фокус на јавноста

Еден од најчестите проблеми на славните парови е недостатокот од приватност.

Кога ќе се земе предвид дека Кортни Кардашијан потекнува од најславното семејство во светот, јасно е дека притисокот што го чувствуваат со Тревис сигурно е голем.

znaci-deka-kortni-kardashijan-i-trevis-barker-nema-da-izdrzhat-ushte-dolgo-zaedno-06.JPG

Иако е факт дека Кардашијанс заработуваат од вниманието што го добиваат, во последно време Кортни и Тревис како да пробуваат да се дистанцираат.

Па, веројатно и нив не им е сеедно што целиот свет знае за секоја секунда од нивниот живот.

znaci-deka-kortni-kardashijan-i-trevis-barker-nema-da-izdrzhat-ushte-dolgo-zaedno-0.JPG

Се свршија и венчаа мошне брзо

Секако дека нема одреден распоред што треба да го следат сите кога е во прашање стапување во брак.

Но, генерално, паровите треба да поминат некој период заедно пред да сфатат дали би требало да стапат во брак.

Кортни и Тревис ја почнаа врската во јануари 2021-ва, а се свршија во октомври истата година.

Се венчаа шест месец подоцна, во Лас Вегас.

Дел од јавноста смета дека сепак избрзале и нивниот брак е импулсивна одлука, што во иднина може да значи и развод.

znaci-deka-kortni-kardashijan-i-trevis-barker-nema-da-izdrzhat-ushte-dolgo-zaedno-08.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ја тера да трча маратон, не прави ништо без него: Дали Тревис ја контролира (и изневерува) Кортни Ка... „Се облекува како него, сака постојано да биде со него. Прави сè што прави тој, ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Бред Пит го избегнува бакнежот на девојка му Инес на премиера: „Врската им е лажна, сè е само глума“... Откако се појави видео на кое Бред Пит го избегнува бакнежот на девојка му Инес ...

Најчитани неделава