Кристијано Роналдо и Џорџина на посета во Белата куќа – се фали со свршеничкиот прстен, вечера со најмоќните луѓе во светот
- Детали
- четврток, 20 ноември 2025
Деновиве Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се во САД, заедно со саудискиот принц Мохамед бин Салман. Фудбалерот беше поканет и во канцеларијата на Трамп, а претходно изјави дека би сакал да зборува со него за мир во светот.

Во вторникот (18.11) Кристијано Роналдо и свршеницата Џорџина Родригез присуствуваа на вечера во Белата куќа.
Вечерата ја организираше претседателот Доналд Трамп, како пречек на саудискиот принц Мохамед бин Салман.
Џорџина и Роналдо не беа единствените познати имиња на ексклузивната вечера – меѓу гостите се забележуваа и некои од најмоќните луѓе во светот, како милијардерот Илон Маск и коосновачот на OpenAI, Брег Брокман.
За посебната пригода, 31-годишната Џорџина носеше долг фустан со разголен грб, додека Роналдо се појави во црн костум.
Секако, овде беше и Меланија Трамп која се појави во долг тиркизен фустан.
Инаку, од 2017 година, ова е првпат Роналдо да биде фотографиран во САД, по обвиненијата за сексуален напад кои тој ги негира.
Тужбата беше отфрлена во 2022 година бидејќи имало проблеми со доказите.
Неодамна, пак, во интервју со Пирс Морган, фудбалерот сподели дека едвај чекал да разговара со претседателот Трамп за „мир во светот“.
„Ако во светот владее мир, тоа е нашата цел. Сметам дека Трамп е една од личностите кои можат да помогнат да го променат светот.
И, тоа е мојата главна цел – да се сретнам со Трамп и да разговараме за мир во светот. Ако може да го оствари тоа, тогаш тој е личност со којашто навистина сакам да разговарам“.
Роналдо ја имал средбата Трамп вчера, во Овалната канцеларија, а сподели и неколку фотки.
„Ти благодарам претседателе за поканата и топлиот пречек што го организиравте со првата дама за мене и мојата идна сопруга.
Секој од нас има нешто значајно да даде и јас сум подготвен да го сработам мојот дел, додека ги инспирираме новите генерации да изградат иднина дефинирана од храброст, одговорност и долготраен мир“, стои во описот.
За пречекот во канцеларијата на Трамп, Џорџина носеше мрежесто здолниште и црна ролка, а на фотката до претседателот гордо го покажува и свршеничкиот прстен.
Но, мислењето на Американците во врска со Трамп е многу поделено, па покрај честитките за средбата, а фудбалерот се соочи и со критики.
Некои одат дотаму што велат дека Роналдо им го скршил срцето бидејќи имал средба со Трамп, а други велат дека ја изгубиле почитта кон него.
Некои се шегуваат и дека оваа средба била доказ дека Меси е подобар фудбалер. Сепак, доминираат коментарите за поддршка на фудбалерот.
Моментално Кристијано и Џорџина живеат во Саудиска Арабија, па тие се дел од делегацијата на саудискиот принц кој периодов ќе биде на турнеја во САД.
Спирова С. | Црнобело
