Ја изневери Клои пред да се породи, има 4 деца од 3 жени: Скандалите од кои Тристан Томпсон не можеше да избега
- Детали
- сабота, 06 декември 2025
Поради некоја причина, Клои Кардашијан многупати му прости на Тристан Томпсон, а доби и две деца со него. Но, секојпат, тој ја изневеруваше нејзината доверба на сè посуров и посебичен начин.

Тристан Томпсон не е некоја голема ѕвезда, но целиот свет дозна за него благодарение на врската со Клои Кардашијан и сите трауми што ѝ ги приреди.
Тој е кошаркар, но наместо неговите достигнувања во спортот, многу почесто е тема на разговор поради аферите.
Најчудно е што Клои Кардашијан му простуваше неколкупати, без разлика што Тристан веројатно немал девојка што не ја изневерил
Што се однесува до кариерата, единствено привлече внимание минатата година, кога доби забрана за играње од страна на НБА бидејќи користел забранети лекови за подобрување на перформансот.
Дел од најголемите скандали на Тристан Томпсон:
Ја почна врската со Клои додека негова бивша чекаше детето од него
Во 2014 година, Тристан Томпсон беше во врска со инфлуенсерката Џордан Крег. Нормално, ја изневерувал, а се шпекулира дека ја почнал врската со Клои пред да раскине со неа.
Кога Тристан и Клои споделија дека се пар, бившата Џордан веќе беше бремена и во 2016-та роди син.
Тристан сепак стои на ставот дека не ја изневерил со Клои:
„Кога ја запознав Клои, јас бев сингл. Негативните коментари насочени кон Клои се непотребни“.
Но, Џордан го тврдеше спротивното, па дури и го тужеше Тристан бидејќи стресот што ѝ го создавал бил причина за компликации во бременоста.
„Секој ден читав новости за мојата нова жална реалност. Мојата бременост стана омилена тема за озборување поради девојката на Тристан“, изјави Џордан.
Не е познато дали завршиле на суд, но подоцна и Клои тврдеше дека тој бил сингл кога ја почнале врската.
„Неговите најдобри пријатели, неговите соработници, па дури и неговата мајка ми кажа дека раскинале со бившата кога се запознавме. Тоа е вистината што ја знаев и во којашто верував“.
Ја изневери Клои додека беше бремена
Во 2017 година, Клои и Тристан го очекуваа нивното прво дете.
Но, кога ријалити ѕвездата беше во третиот месец од бременоста, се појави видео во кое јасно се гледа дека Тристан ја изневерува.
На видеото снимено од безбедносна камера се гледа Тристан на сепаре во локал не со една, туку со три жени.
Жените го бакнуваат, па и го допираат на гениталиите.
Наводно, жените не знаеле дека Клои била бремена, па дури и мислеле дека не е во врска со Тристан.
Клои се нема огласено за видеото, но во епизода од шоуто на Кардашијанс му рече на Тристан:
„Ако не бев бремена, немаше да те оставам така. Но, не сакав да си го расипам маникирот“.
Ја изневери Клои неколку денови пред да се породи
Повторно за време на првата бременост на Клои, Тристан беше забележан во стриптиз клуб, и тоа само неколку денови пред да се роди ќерка му Тру.
Кошаркарот беше фотографиран со модел, а по клубот, се упатиле во неговиот стан.
Два дена подоцна девојката беше фотографирана пред зградата на Тристан, со огромна торба, што значи дека го поминала викендот кај кошаркарот.
Девојката подоцна изјави дека не чувствува вина:
„Само сакав да се забавувам. Не ни мислам на тоа. Ми беше роденден“.
Раѓањето на ќерката на Клои и Тристан беше прикажано на епизода од реалното шоу, а и кошаркарот присуствуваше во болницата.
Дотогаш веќе се знаеше за новата афера, па Ким изјави:
„Колку и да сакам да си заминам, сега не е време. Па, ќе пробам да немам интеракција со него. Треба да бидам овде за сестра ми“.
Ја изневери Клои со најдобра другарка на сестра ѝ
Клои не си ја научи лекцијата, за во 2019 година, повторно да биде изневерена од Тристан.
Овој пат, тој спиел со Џордин Вудс – најдобрата пријателка на Кајли Џенер. Наводно, тие се сретнале на забава и ја поминале ноќта заедно.
Овој период Клои и Тристан пробуваа да ја спасат врската, па кога на ријалити ѕвездата ѝ кажале дека го виделе со Џордин, му раскинала.
Првично Тристан негираше, но наводно подоцна и самиот ѝ признал на Клои.
Џордин, пак, се појави во подкастот на Џејда Пинкет Смит, каде што изјави дека само се бакнале со Тристан.
Но, Клои одлучи да се огласи за ова:
„Кого лажеш Џордин? Ако пробуваш да се спасиш со гостување во емисија, наместо да ми се јавиш и да ми се извиниш, барем биди искрена. Инаку, ти си причината зошто ми се растури семејството“.
Кардашијанс прекинаа секаков контакт со Џордин Вудс, а веројатно се имаат и потрудено да не постигне никаков успех бидејќи по драмата, неа речиси и да ја нема.
Клои и Тристан иако раскинаа, веќе следната година, 2020-та, ријалити ѕвездата му даде уште една шанса.
Доби дете со друга жена, додека очекуваше второ дете со Клои Кардашијан
Веројатно веќе не изненадува дека Тристан не ѝ остана верен на Клои ни овој пат.
И покрај целата драма, Клои и Тристан одлучија да добијат дете со сурогат мајка.
Но, во периодот додека чекаа да се роди, се дозна дека Тристан добил дете со друга жена.
Бил направен и ДНК тест со што се потврдило дека тој е татко на детето.
Моментот кога Клои дознава за неверството беше овековечен во реалното шоу на Кардашијанс, каде што Ким ѝ вели:
„Ова е најголемиот знак дека не треба да имаш уште едно дете со овој човек“.
По ова, Клои и Тристан раскинаа, веројатно за последен пат, но заедно се грижат за двете нивни деца.
Спирова С. | Црнобело