Си го изобличи лицето со операции, афера со Расел Кроу: Зошто Мег Рајан исчезна од Холивуд?
- Детали
- понеделник, 08 декември 2025
Некогаш, Мег Рајан беше синоним за романтични комедии, за потоа целосно да исчезне од Холивуд. Покрај аферата со Расел Кроу што ѝ ја уништи репутацијата, Мег вели дека чувствувала огромен притисок да изгледа младо.

Во 1990-тите, Мег Рајан беше ѕвезда на холивудските романтични комедии.
When Harry Met Sally, Sleepless in Seattle и You’ve Got Mail се само дел од нејзините филмови кои денес се сметаат за култни.
Но, со текот на времето престана да се појавува во филмови, за денес едвај да слушаме за неа.
Па, што се случи со Мег Рајан?
Нејзините филмови стануваа полоши
На почетокот на 2000-тите, романтичните филмови на Мег Рајан веќе не се сметаа за ремек-дела како претходно.
Не будеа интерес кај јавноста, а со ова почна да им се намалува и заработката.
Истовремено, и филмските критичари стануваа сè посурови кон филмовите на Мег.
По неколку неуспеси, филмовите на Мег веќе и престанаа да се емитуваат во кино, туку беа директно издавани на DVD.
Со ова, сè помалку луѓе дознаваа дека Мег воопшто снимила филм.
Врската со Расел Кроу се одрази лошо на нејзината репутација
Проблемите со кариерата на Мег почнаа со филмот Proof of Life. Овде таа глуми со Расел Кроу, а за време на снимањето почнаа и врска.
Овој период Мег се разведе од нејзиниот сопруг, а бидејќи ја почна врската со Расел речиси веднаш, јавноста почна да се сомнева дека станува збор за афера.
Па, ако Мег имаше репутација на прекрасна личност, ова се промени преку ноќ.
Тогаш и самата актерка сподели дека осудите од јавноста се премногу за неа.
„Пред неколку месеци бев во хотел во Лондон и почнав да си размислувам ’Значи вака е чувството да бидам злобната жена‘. Сега го искусувам токму тоа!“
Веројатно поради огромниот притисок од јавноста, врската со Расел Кроу не го дочека крајот на 2000 година.
Инаку, Мег и сопругот беа во брак околу девет години, а подоцна актерката тврдеше дека тој бил неверен.
„Она што не се споделуваше беше вистината за мојот брак. Денис долго време ме изневеруваше и ова беше болно за мене“.
Безуспешно проба да се дистанцира од романтичните комедии
Мег ја изгради кариерата со романтични комедии, но по некое време вели дека ѝ здодеало од ваквите улоги.
Актерката сметала дека постојано го глуми истиот лик, па немала можност да ги покаже своите актерски способности.
Пoради ова, таа дури и ја одби главната улога во Pretty Woman – филм што сигурно добро би се одразил на нејзината кариера.