Си го изобличи лицето со операции, афера со Расел Кроу: Зошто Мег Рајан исчезна од Холивуд?
Во раните 2000-ти, Мег Рајан се појави во неколку посериозни филмови, како In the Cut и Proof of Life.
Но, филмовите генерално беа пречекани со лоши критики, па обидот на актерката да се ребрендира се покажа како неуспешен.
Во меѓувреме, романтичните комедии добија нови ѕвезди, како Рис Витерспун и Сандра Булок, па веќе како да немаше место и за Мег.
Вели дека се преморила од Холивуд
По паузата од глумата, Мег Рајан одлучи да се проба како режисерка.
Во 2015 го режираше својот прв филм, Ithaca, каде има и една од главните улоги.
„Мислам дека прегорев како актерка. Се чувствував како да не знам ништо за себе. Се чувствував изолирано“, сподели Мег.
Таа смета дека и тоа што се прославила во младоста исто така има удел:
„Кога сте млада славна личност, не сте во предност бидејќи не знаете кој ви ја кажува вистината.
Не се жалам – има многу предности од тоа да се биде славен – но има и лоши работи за вашиот мозок, за вашиот идентитет, за вашата душа. Моите искуства беа многу ограничени“.
Но, филмот што го режираше Мег се соочи со лоши критики, без разлика што во него се појавува и Том Хенкс.
Си го изобличи лицето поради притисокот да изгледа помладо
Факт е дека Мег има направено низа пластични операции.
Во меѓувреме, има зборувано и за нереалните стандарди за убавина што им се наметнуваат на актерките во Холивуд, особено кога ќе стигнат одредена возраст.
„Не ни пробуваат да го скријат притисокот. Има многу осуди за тоа како изгледате“.
Но, Мег тврдеше дека се сака себеси таква каква што е.
„Си ја сакам возраста и си го сакам животот каков што ми е сега. Ја сакам личноста во којашто созреав“, сподели актерката во 2015-та.
И покрај оваа изјава, досега Мег има направено низа корекции на лицето, па се соочува и со критики за изгледот.
Сепак, актерката постепено ѝ се враќа на филмската индустрија – во 2023-та режира нов филм, а подготвува и нови проекти.
Спирова С. | Црнобело