Бившата на Ејми Вајнхаус тајно продавала нејзини предмети – балетанки извалкани со крв, фустан од настапот во Белград
- Детали
- вторник, 09 декември 2025
Блиската пријателка на Ејми Вајнхаус, за која се шпекулира дека ѝ била и девојка тајно продавала лични предмети на пејачката и заработила речиси 1 милион евра. Најбизарно е што продавала предмети како балетанки потопени со крвта на пејачката, нејзини градници, шминки, па и фустанот од последниот концерт во Белград.

Таткото на Ејми Вајнхаус тврди дека пријателки на пејачката продавале нејзини лични предмети, без дозвола од семејството, со што заработиле речиси еден милион евра.
Ејми Вајнхаус почина во 2011-та, на само 27-годишна возраст од труење од алкохол, по долгогодишна битка со зависност.
По нејзината смрт, татко ѝ останал во контакт со двете најблиски пријателки на пејачката – Наоми Пери и Катриона Гурлеј.
Пред да почине, двете жени повремено живееле со Ејми, а наводно во 2021-ва почнале да ги продаваат нејзините лични предмети.
Таткото на Ејми, Мич, првпат прозборе за ова уште минатата година, кога сподели дека двете жени заработиле над три милиони евра од продажбата, а задржале скоро еден милион.
Додека тие тврделе дека Ејми им ги подарила предметите, нејзиниот татко истакнува дека не е познато како допреле до нив.
Целата приказна е и по малку вознемирувачка, кога ќе се земе предвид дека го продале фустанот од последниот концерт на Ејми.
За потсетување, концертот се одржа во Белград, а однесувањето на Ејми беше во најмала рака загрижувачко.
Потоа, тие продавале градници на пејачката и дел од нејзините шминки.
Продале и пар балетанки кои биле натопени со крвта на Ејми – трагите од крв биле бидејќи Ејми си инјектирала хероин во стапалата.
Таткото на Ејми го наследи целото богатство на пејачката, па тврди дека таа сигурно не би им подарила толку многу предмети на пријателките.
Тој бара тие да ги вратат парите заработени од продажбата, со цел да ги донира во добротворната организација на Ејми.